Данскиот тренер кој оваа сезона со доста успеси го предводи тимот на Свонси изјави дека за Герет Бејл е ризично да оди во Реал Мадрид, бидејќи не верува дека би се вклопил.
Михаел Лаудруп смета дека евентуалниот премин на Герет Бејл во Реал Мадрид или Барселона би можел да биде тотално промашување.
Иако тој има договор со Тотенхем до 2016 тата година, се шпекулира дека би можел да премине во Шпанија уште во наредното лето.
Како поранешен играч на двата ривалски клуба, Лаудруп го советува Бејл да биде внимателен по ова прашање.
„Тој е одличен фудбалер, но тоа не мора да значи дека и таму би бил во ист ранг, во Реал и Барса се игра многу поинаку отколку во Англија“ изјави Лаудруп.
Пронајдете не на следниве мрежи: