Според изјавата на спортскиот директор на Борусија Дортмунд, сеуште не може да се говори околу тоа каде Роберт Левандовски би ја продолжил својата кариера, на адреса на Борусија Дортмунд не пристигна ниту една конкретна понуда за полскиот напаѓач.
Вест дека управата на Борусија Дортмунд е спремна да ја разгледа опцијата за продажба на Левандовски навивачите ја дочекаа со голем бунт.
Меѓутоа, спортскиот директор на клубот ги демантираше тие шпекулации дека има понуди за напаѓачот, но исто така потврди дека Левандовски би си отишол на лето.
„Како што стојат работите, нема никакви формални понуди за Роберт Левандовски во овој момент, така да немаме што да одбиеме ниту пак што да прифатиме“ изјави спортскиот директор на клубот.
Пронајдете не на следниве мрежи: