Нани се сели во Рома?

Рома тргна во акција да во своите редови го доведе Португалецот Нани од екипата на Манчестер Јунајтед.

„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека екипата на Рома е во преговори со Нани и Римјаните се надеваат на позитивен исход од овие договори.

Португалскиот крилен напаѓач е на излезни врати од „Олд Трафорд“, а за неговите услуги се заинтересирани уште и Парис Сент Жермен и Арсенал.

Нани дојде во екипата на Манчестер Јунајтед во сезоната 2007, од Спортинг Лисабон и за пет години играње во Јунајтед оствари 131 настап и постигна 25 голови.

За португалскиот национален тим играше 62 меча и 13 пати се запиша во листата на стрелците.

Пронајдете не на следниве мрежи: