Селекцијата на Црна Гора се пласира во финалето од Европското Првенство во Србија откако со 26-27 беше поуспешна од селекцијата на Србија.
Одличен натпревар се играше во „Белградска Арена“ откако целиот натпревар беше одбележан со голема доза на неизвесност, посебно во последните моменти од натпреварот, на 25 секунди пред крајот на мечот Србинките имаа напад за израмнување, но неуспешен.
Првиот дел од натпреварот заврши со резултат 14-13 во корист на Српската репрезентација.
Во вториот дел минимален пресврт во поглед на резултатот и исходот од вториот дел гласеше 12-14 во корист на Црногорките.
Кај селекцијата на Србија најефикасна беше Филиповиќ со постигнати 7 гола од 10 обиди.
Кај Црна Гора „блескаше“ на теренот Катарина Булатовиќ која беше вистински предводник на тимот, постигна 6 погодоци и имаше клучни асистенции во мошне важни моменти од мечот, едноставно незапирлива беше на овој меч.
Кај Црна Гора најефикасна на теренот беше Кнежевиќ со постигнати 8 погодоци од 11 обиди, односно 73% реализација.
Пронајдете не на следниве мрежи: