Касиљас со „шлаканица“ за Мурињо: Дел Боске е најдобар тренер за 2012

Касиљас изјави дека според негово Дел Боске е најдобриот тренер за 2012-тата година.

Голманот на екипата на Реал и Шпанската фудбалска репрезентација прокоментира во однос на тоа кој е кој кај тренерите за 2012-тата година.

Покрај Висенте Дел Боске, тренерот на Шпанската репрезентација, е и Жозе Мурињо, тренерот на екипата на Реал Мадрид, во изборот за освојување на Златната Топка во категоријата за најдобар тренер во која се најде и поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола.

„Мурињо ме тренира секој ден, со Висенте пак поминувам премногу време секоја сезона. Знам колку се и едниот и другиот добри и ги ценам и двајцата. Мислам дека Висенте Дел Боске направи доволно за освојување на таа награда“ изјави Касиљас.

Пронајдете не на следниве мрежи: