Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид, познат по својот говор и интересни изјави со сарказам, уште еднаш прокоментира за најдобриот играч на денешницата Лионел Меси и неговата според Мурињо „наводна“ повреда против Бенфика.
Во резултатски неважен натпревар за Барселона, Тито Виланова се одлучи да го уфрли во игра Меси на мечот против Бенфика во 78-мата минута од мечот, но тоа во 89-тата минута можеше да биде кобно по Меси бидејќи аргентинецот беше изнесен од теренот со носилки поради повреда.
Но, Жозе Мурињо со свој став во однос на ова, тој за повредата на Бензема изјави дека французинот нема да биде спремен за наредниот дуел бидејќи е невозможно повреден играч да се врати на терените толку брзо.
„Мислам дека нема да биде спремен. Повреден играч кој го напушта теренот не би требало да биде спремен за нов натпревар за два, три денови по тоа. Но, некои го напуштаат натпреварот со носилки па на наредниот натпревар играат 90 минути“ изјави Мурињо.
Пронајдете не на следниве мрежи: