Американскиот скијач Стивен Нејман е сензационален победник на третиот спуст на овосезонскиот Светски Куп, одржан во премногу лоши временски услови во италијански Вал Гарден.
Поради голема количина на нов паднат снег организаторите најнапред ја откажаа трката од 12,15 до 12,45 часот, со тоа што имаа намера да направат две трки со скратен спуст.
Потоа ја префрлија трката за 14 часот, со план сепак да се одржи, конечно трката започна во 14,10 часот, а времето не беше баш поволно.
Победник на оваа трка беше Нејман со стартен број 39, а втор беше Словенецот Рок Перко со број 35.
Пронајдете не на следниве мрежи: