Мерцедес следните месеци ќе дебитира со својата освежена верзија “Е класа“ на саемот на автомобили во Детроит. За таа цел пред извесно време на интернет беше поставено видео кое најавува како ќе изгледа новата “Е класа“, а сега се појавија и првите фотографии. Во основа, на нив најголема разлика е на пределот на предните и задните фарови, старата во однос на новата верзија.
Новата Е класа: На предниот дел маската доби заокружен облик. Разликата се приметува и кога се браниците во прашање.
Заедно дел од автомобилен доби некаква грациозна линија, што освен на естетиката, влијаеше и на визуелниот впечаток, па автомобилот изгледа помал од оноа што навистина е.
Ова може да се објасни како желба на Мерцедес, да со својата нова “Е класа“ внесе повеќе спортски дух, што би требало да ги привлече младите возачи.
Љубителите на големата снага и брзина, ќе ги израдува овој модел, посебно зашто се појавува AMG верзија. Од каде, спектарот е максимално пополнет.
Со тоа што “Е класата“ е основа во производствениот опсег на Мерцедес, јасно е дека промена на нејзиниот дизајн ќе влијае и на сите следни модели, поточно нивниот изглед.
Ако се согласиме дека германските дизајнери направиле одлична работа кај новата “Е класа“, сосема е логично да се очекува и други преубави модели во блиска иднина.
Пронајдете не на следниве мрежи: