На девојче од Велика Британија и е дијагностициран ЦИПА пореметување кога наполнила една година. Иако проценката на лекарите била дека таа нема да го преживее вториот роденден, девојчето сега има 12 години.
Вториот случај се брат и сестра, кои како мали често ги кршеле прстите кога родителите не им дозволувале да го направат она што сакаат. Семејството Блокер и Вотерс од Велика Британија веќе со години се соочуваат со истиот проблем. Имено, нивните деца патат од пореметување кое е проследено со неосетливост на болка, или таканареченото ЦИПА пореметување. Тие можат да се пресечат, да крварат и да не почувствуваат ништо, исто така може да умрат од глад и ниту еднаш да не почувствуваат болка во желудникот и стомакот.
Колку и да звучи како идеално, овие луѓе патат од пореметување кое е опасно по животот. Ешлин Блокер пати од тоа пореметување од нејзиниот прв роденден. Според зборовите на експертите, кога ќе се дијагностицира ова пореметување, не може да се преживее подолго од една година.Сепак ова девојче ги надмина медицинските тврдења, па така ова девојче денес има 12 години.
Како бебе таа никогаш не плачела кога била гладна или кога сакала да спие, што дополнително им правело проблем на нејзините родители.
Во текот на растењето, ова девојче често се повредувала случајно, па така нејзините родители биле приморани да ја чуваат под ''стаклено ѕвоно''.
Личностите кои го имаат ова пореметување обично умираат од лесни надминливи болести, како што е грип, бидејќи поради оваа болест не можат да се пожалат на болка или на некоја промена во организмот.
Пронајдете не на следниве мрежи: