Прерана ејакулација може да се случи на секому. Во кревет сте со вашата сакана и одлично се чувствувате, но вашиот „пријател“ ве изневерува. Додека таа збунето ве гледа, имате две секунди да реагирате. Што понатака…
Направета шега на ваша сметка
Сосема е природно непријатната ситуација да биде потик за шега. Одморете се малку, изнасмејте се и повторно пробајте. Доколку вашата сакана не види ништо смешно во ситуацијата има две можности: потрудете се да и го одвлечете вниманието од проблемот, или најдете си девојка со малку повеќе разбирање.
Извинете се
Секако дека можете да се извините. На девојката која ве сака би и било доволно и едно кратко извини. Немојте да го објаснувате својот проблем веднаш. Оставете да поминат неколку минути, па доколку се чувствувате дека сакате да зборите на таа тема слободно започнете. Наш совет е разговорот да го водите во постелата, каде нема бариери помегу вас.
Немојте да се муртите
Возрасните не би требало да се муртат. Муртењето не е добредојдено во ни една ситуација, а најмалку кога прерано сте ејакулирале. Доколку се однесувате како две годишно дете, тоа нема да ви помогне. Тоа може да изгледа како да и се љутите на неа и дека сето тоа е понејзина грешка.
Не паничете
Немојте да испаничите и да ја напуштите собата посрамен. Останете мирни и пробајте да се однесувате како прераната ејакулација да не е ништо страшно за вас. Дококлу побегнете, она сеуште ќе биде во креветот кога ќе се вратите. Таквиот однос само ке ја влоши ситуацијата.
Немојте да глумите дека не се случило
Глумењето оргазам е една работа, но глумењето дека немало прерана ејакулација е премногу тешко. И покрај се за ејакулацијата постои и доказ, кој неможе да се сокрие.
Пробајте повторно, повторно, повторно …
ситуацијата секогаш може да се спаси доколку пробате повторно. Доколку не успеете да ја задоволите таа ноќ, рано наутро, разбудете ја со бакнежи и задоволете ја. Изненадувањето ќе ја зголеми возбудата.
Пронајдете не на следниве мрежи: