Хистеријата за крајот на светот е се почеста. Дел од луѓето во светот веруваат дека апокалипсата ќе се случи на 21-ви декември оваа година, додека пак некои од нив велат дека ова е само една обична дата во календарот за 2012-та година.
Но што велат Маите и кои се нивните реакции за овие предвидувања кои произлегоа поради завршување на нивниот календар. Околу 800.000 Маи од Мексико уверуваат дека апокалипсата е нереална и нема да се случи. Во срцето на Јукатан, Маите живеат примитивен живот, се грижат за своите семејства, стадо, и одгледуваат пченка и портокал.
Тие се нормален народ кој сака да ги зачува својата традиција и култура, а не да се занимава со предвидување и толкување на крајот на светот.
Неодамна изјавија дека доколку дојде крајот на светот тоа ќе биде како резултат на Божјата волја или од несвеста или свеста на луѓето кои секојдневно ја уништуваат планетата во која живеат.
Беојните книги и филмови кои излегоа и го објаснуваа “пророштвото на Маите“ е само еден маркетиншки триг за профит и заплашување на народите шитум светот, за некои одредени сопствени цели, изјавија некои експерти кои се занимаваат со оваа тематика.
Според последните анкети и истражувања, најмногу кои веруваат во оваа апокалипса се Американците кои се подготвуваат за “кобниот 21-ви“, кој ќе донесе пустош и тага на планетата Земја.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: