Фудбалскиот натпреварот помеѓу Македонија и Литванија заврши со резултат од 1:0со победа на нашата репрезентација. Единствениот стрелец на овој меч беше нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. Тој успеа да постигне гол во 54-тата минута.
Во второто полувреме по замената на Тричковски кој неодамна имаше повреда, Хасани успеа да ја раздвижи играта и да ги разигра своите соиграчи. Предноста можеше да биде зголемена со шутот на Хасани но, за жал беше непрецизен.
Оваа победа ќе воведе поголема самодоверба во игарата на нашата репрезентација, а и би требало да скокнеме некое место на ФИФА ранк листата поради тоа што Литванија се 85 место, додека ние сме 102-ри.
Пронајдете не на следниве мрежи: