(Видео) Девојка внесе пони во метро во Германија!

Најновата ѕвезда на интернет е понито кое непозната девојка го внесла во метрото во германскиот град Берлин. 

Младата девојка го држала коњот на кратко јаже, додека тој трпеливо стоел покрај другите патници, кои пак биле зачудени од целата сцена, па набрзина ги ваделе своите мобилни телефони и фотоапарати за да го документираат настанот.

Понито веројатно припаѓа на циркусот кој гостува во Берлин, а некој сепак ја известил полицијата за овој чуден настан.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: