Наполи шокиран од Болоња

Фудбалерите на Наполи не го искористија поразот на Интер, за да се пробијат на второто место на табелата во Серија А, откако на домашен терен, во 17-то коло, забележаа шокантен пораз од Болоња.

Наполи имаше негатива од еден гол уште од 10-та минута кога Габијандино ја доведе Болоња во водство. Пресврт наполитанците направија со головите на Гамберини и Кавани, но шокот на домаќинот стигна во финишот кога во 86-та и 89-та минута голови постигнаа Коне и Портанова.
Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, за Наполи го одигра второто полувреме, кога го замени Бритос. Јувентус во ова коло запиша лесна победа над Аталанта и во однос на Интер сега има седум бодови повеќе. Колото го обележа поразот на Рома во Верона, против Киево, со што ’волчицата’ стави крај на серијата од четири победи.

Фиорентина-Сиена 4:1

Лацио-Интер 1:0

Катанија-Сампдорија 3:1

Киево-Рома 0:1

Џенова-Торино 1:1

Јувентус-Аталанта 3:0

Милан-Пескара 4:1

Парма-Каљари 4:1

Наполи-Болоња 2:2

Удинезе-Палермо 1:1.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: