Бизнисменот Мирослав Мишковиќ на сослушувањето во полиција призна дека на некои политичари им давал пари, но не спомена имиња, изјави Богдан Пушиќ, шеф на работната група за испитување на приватизациите.
„Бев добар кога давав пари. На сите им давав пари, ни рече, а запрашан кому давал пари, ни рече: Ќе ви кажам кога ќе дојде време“, вели Пушиќ за Б92.
Тој наведе и дека постојат сознанија дека некои министри примале пари од Мишковиќ, но дека се во тек предистражни дејствија, односно дека тврдењата сè уште се истражуваат.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: