Помал пад на заштедите на домаќинствата се бележи во трите најголеми словенечки банки, по повеќегодишниот раст.
Семејните депозити во деветте месеци годинава паднале за 360 милиони евра, а само од јуни до септември депозитите на граѓаните на штедните сметки во Нова љубљанска банка(НЛБ) се намалиле за 190 милиони евра, наведува во понеделник љубљанскиот дневен весник „Дневник“.
Во НЛБ, како што наведува весникот, наведуваат дека ситуацијата на штедните сметки на граѓаните во нивната банка „полека и постепено расте“, обидувајќи со зборови да ја ублажат вистинската состојба на банкарскиот пазар, наведува весникот.
Другите словенечки банки признаваат дека доаѓа до благ пад на домашното штедење, кое традиционално било многу високо.
Причина за променетиот тренд на штедење на граѓаните весникот го толкува со последиците на кризата, растот на невработеноста и рестрикциите на платите, но и со одлевањето на дел од заштедите во странски банки кои делуваат во Словенија, бидејќи довербата во домашните банки е во пад.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: