Познати парови кои ја обележаа 2012 година

Овие славни парови успеаа да ги поминат сите препреки и да останат заедно оваа 2012 година. Некои од нив завршија со брак, некои со дете, а некои едноставно се смирија по тешки кавги или изневерувања. Погледнете кои славни двојки заедно ќе ја дочекаат новата година.

 

1. Кејт и Вилијам ја претставуваат совршената двојка. Кралското дуо при крајот на оваа година соопшти дека очекуваат принова.

 

2. Анџелина Џоли и Бред Пит успееа да се задржат меѓу најпопуларните парови за оваа година благодарение на првичните гласини за нивното раскинување, проследени со нивната свршувачка.

 

3. Младите Селена и Џастин Бибер имаа пад во врската, но тие решија да ја обноват својата романса. Се уште се заедно и не се оделуваат еден од друг. 

 

4. Бијонсе и Џеј Зи го добија своето прво дете на самиот почеток на оваа година, и целата помина во знакот на нивната ќеркичка Блу Ајви.

 

5. Прекрасната актерка Џенифер Анистон ја најави венчавката со своето момче Џастин Тероу. Парот е веќе некое време заедно и се обидува да живее подалеку од очите на јавноста.

 

6. Неуморните Кирстен Стујарт и Роберт Патисон годинава го завршија последното продолжение на Twilight, но за малку ќе ја завршеа и својата романса. Сепак, тие се смирија откако Роберт и прости на Кирстен за нејзиното неверство.

 

7. Секако, од листата не може да изостанат Џесика Бил и Џастин Тимбрлејк. По долгата врска, тие ја крунисаа љубовта со венчавка која се одржа во Италија.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: