Слушнавме сите за мерките и мислам дека спортистите, клубовите во Македонија, како и Федерациите, 25 години чекаат на една ваква одлука затоа што само на овој начин ќе може да се подобрат општо условите на спортот во Македонија и да тргнеме со покрупни чекори нанапред.Ова го истакна поранешниот фудбалски репрезентативец Саша Чириќ, во однос на мерките од областа на спортот, кои вчера ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Ние во ФФМ се надеваме дека тоа кога ќе се имплементира дека поголем број на спонзори ќе влезат како во клубовите, така и во Федерацијата и сите оние средства кои ќе ги вложат ако бидат правилно распоредени и инвестирани дали во спортистите, дали во фудбалерите или во инфраструктурата, тогаш може да очекуваме и поголеми резултати и нивото на фудбалската лига на Македонија да се подигне на едно повисоко ниво, а со самото тоа може да очекуваме и подобри резултати на Репрезентацијата, вели Чириќ, за втората од 4-те мерки, која се однесува на финансирањето на клубовите и спортски федерации преку ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финасираат спортски клубови и спортисти, како и спортски федерации и МОК.
Во однос на последната мерка за ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти, Чириќ потенцира дека тоа ќе значи многу за Федерацијата, бидејќи како што вели, врвните тренери ќе го подобрат квалитетот на тренингот и децата ќе може да научат нешто повеќе.
-Тоа е една мерка која исто така нас не засега. Ние имаме 9 академии низ Македонија, фудбалски академии во поголемите градови, како и една УЕФА паралелка тука во Скопје, во таа УЕФА паралелка на тренинзите доаѓаат тренери и стручњаци од УЕФА и гледаме дека навистина со нивното активно учество ма тренинзите тука дека се зголемува и квалитетот на тренингот тука во Македонија. Така што очекувам доколку се имплементира и оваа мерка дека поголем број врвни стручњаци кои работеле со деца и имале успех некаде во Европа, многу ќе ни значат на нас во Федерацијата бидејќи ќе го подобрат квалитетот на тренингот и децата ќе може да научат нешто повеќе, а се надевам и дека одредени тренери нема да бидат суетни и дека заедно ќе соработуваат со таквите стручњаци и тие самите ќе се надградуваат.
Ова го истакна поранешниот фудбалски репрезентативец Саша Чириќ, во однос на мерките од областа на спортот, кои вчера ги промовираше лидерот на ВМР