Кире Лазаров во најдобриот европски тим!

Македонскиот ракометен интернационалец од редовите на Атлетико Мадрид, Кире Лазаров, во избор на „Л’Екип“ е избран во најдобриот тим за 2012 година.

Лазаров имаше одлична сезонаа, одличните игри во дресот на ракометната репрезентација на Македонија на Европското Првенство во Србија и титулата за најдобар стрелец на истото Европско Првенство, и секако неговите одлични игри во дресот на Атлетико Мадрид беа и повеќе од повод да дојде до ова големо признание во неговата кариера.

Тимот за 2012 година:

Голман: Тјери Омејер (Франција)

Лево крило: Гудјор Валур Сигурдсон (Исланд)

Лев бек: Даниел Нарцис (Франција)

Среден бек: Микел Хансен (Данска)

Десен бек: Кирил Лазаров (Македонија)

Десно крило: Никлас Екберг (Шведска)

Кружен напаѓач: Хулен Агинагалде (Шпанија)

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: