Идната 5G мрежa ќе се потпира на cloud ресурси не само во backbone мрежата, но, исто така, и во радио пристапната мрежа. Виртуелизацијата и делењето на ресурси се основа за дигиталната трансформација на операторите, компаниите од сите други индустриски сектори како и јавната администрација. Иновативни cloud решенија ќе бидат демонстрирани од страна на Huawei во Скопје на патувачката изложба “Отворени Патишта за Подобро Поврзан Свет”.Камионот кој веќе традиционално ја посетува и Македонија, ќе патува низ 22 земји во Централна и Источна Европа, како и Нордиските земји. До крајот на јуни, ќе бидат посетени 12 земји. Камионот ќе застане во Скопје, на плоштадот Филип Втори на 15 и 16 мај, 2017 година.
Пазарните согледувања покажуваат дека до 2025 година глобалната врски ќе се зголемат на 100 милијарди и сите компании ќе бидат поврзани преку cloud. 85% од апликациите на претпријатието ќе работат на cloud, а cloud искуството ќе стане нов стандард, па тоа е и причината зошто компаниите треба да преминат преку дигитална трансформација и да останат насочени кон иднината за да постигнат континуиран раст. Huawei се фокусира на помагање на операторите за да се постигне дигитална трансформација низ All cloud и соработува со сите индустрии заради создавање отворен, кооперативен и win-win индустрискo-еколошки поврзан Свет.
Подобрувањето на внатрешните бизнис процеси и флексибилното користење на мрежните ресурси, се само некои од cloud придобивките за компаниите. Дел од решенијата на Huawei се насочени кон зголемување на приходите од постоечките и нови пакет услуги за дигитални домови, за паметни градови, лесно распоредување на модуларни центри за податоци и др.
Ќе бидат презентирани нови решенија во 4 тематски зони:
1) All-cloud мрежа кон 5G – инфраструктура за да се овозможат дигитални услуги, како и мрежна инфраструктура заради обезбедување иновативност и неограничени можности за бизнис.
2) Cloud-овозможени дигитални операции – за да се овозможи создавање на win-win партнерство и соработка.
3) Cloud-реализирани дигитални услуги – како чекор во дигиталниот еко-систем.
4) Максимизирање на мрежната вредност – за зголемување на потенцијалот и монетаризирање на постоечката мрежа.
Посетителите исто така, можеа да ги видат и тестираат најновите Huawei уреди меѓу кои P10, P10 Plus, P10 Lite, Honor 8 lite и Honor 8 и Nova Smart паметни телефони.
Предводени од континуираниот процес на иновација и отворенa соработка, Хуавеи има изградено конкурентскo портфолио на иновативни крајни решенија во телекомуникациите и корпоративните мрежи, уреди, cloud технологија и услугите. Нивните ICT- решенија, производи и услуги се користат во повеќе од 170 земји и региони, кои служат повеќе од една третина од населението во светот. Со своите 180 000 вработени, Хуавеи е посветен на градење на идното информатичко општество и на еден подобро поврзан Cвет.Камионот кој веќе традиционално ја посетува и Македонија, ќе патува низ 22 земји во Централна и Источна Европа, како и Нордиските земји. До крајот