Првите самоуправувачки такси возила од денес ќе превезуваат патници во Сингапур, информираа светските агенции.Патниците ќе можат да нарачаат преку смартфоните бесплатен превоз со такси, чиј оператор е новоформираната компанија за софтвер за автономни возила – nuTonomy.
Иако голем број на компании, меѓу кои Google и Volvo веќе испробале самоуправувачки возила на јавните патишта пред неколку години, nuTonomy тврди дека ќе биде првата компанија што им нуди транспорт на луѓето.
Таа ќе ја надмине и Uber, која планира да лансира превоз со автономни автомобили во Питсбург, Пенсилванија.
Услугата ќе стартува во мал обем – засега со шест автомобили, кои до крајот на годината треба да нараснат до десетина. Во почетокот тие ќе се движат во ограничен периметар.
Крајната цел, според претставниците на nuTonomy, е до 2018 година во Сингапур да има целосни флотила од самоуправувачки такси возила. Ова ќе помогне драстично да се намали бројот на автомобили на блокираните сингапурски патишта – од 900.000 на 300.000 според зборовите на главниот оперативен директор Даг Паркер.Патниците ќе можат да нарачаат преку смартфоните бесплатен превоз со такси, чиј оператор е новоформираната компанија за софтвер за автономни возила