USB Type-C портовите се иднината за нашите компјутери, лаптопи и телефони, но веќе неколку дена на социјалните мрежи се зборува за еден проблем кој загрижи многу корисници.Ако имате телефон или лаптоп кои користат USB Type-C технологија и немате кабел кој сте го добиле во комплетот на вашиот компјутер или телефон, тогаш веројатноста да сте загрозени е речиси нула. Ако сепак имате кабел, кој сте го купиле од Amazon, eBay или друго место кое не може да ви гарантира квалитет, нашиот совет е да не го користите.
Реално, шансите да го оштетите компјутерот се 50-50. Проблемот е што овие кабли, за кои многумина не знаат како се направени, кој ги сертифицирал и дали воопшто некој го правел тоа, едноставно не работат правилно. Поврзувајќи го вашиот телефон преку овој кабел кон вашиот лаптоп, за да се полни на пример, не може да го контролира количеството на струја која ќе помине низ него.
Идејата е дека телефонот, откако го спојуваме, праќа барање за повеќе струја за да може соодветно да се вчита побрзо. USB C портата на вашиот лаптоп го добива ова барање и одговара, па почнува да дава сѐ повеќе и повеќе струја без да знае кога да запре. И телефонот и лаптопот се направени да работат така од производителите, а кабелот е компонента која во случајов е одговорна за трансферот на струја. Преку отпорници и жици тој треба да функционира така што да внимава да не го прегрее лаптопот и да ги заштити и двете страни.
Во случај на евтин кабел, кој не е направен како што треба, а вие сте го купиле од некаде, резултатот е катастрофален. Решение на оваа фаза нема.
Се советува да користите компоненти што ги имате добиено во комплетот при купувањето на телефон или компјутер, или едноставно да не користите USB C кабли во следните неколку месеци, додека пазарот не се исчисти од евтините копии. Ако сепак ви е потребно, не купувајте евтини кабли од нелиценцирани лица и фирми, читајте ги коментарите и мислењата на другите, по можност направете тест на стар компјутер пред да го закачите на новиот.



