Нова измама на Фејсбук, а на ова навистина можете да наседнете!

Уште еден ден, уште една интернет измама, но, оваа има потенцијал да вовлече голем број луѓе кои користат Фејсбук, и многумина би можеле лесно да наседнат на оваа измамаНајновата измама вклучува пораки пратени на објави на корисници кои ги известуваат дека нивните профили ќе бидат суспендирани поради злоупотреба.
Единствен начин да се спречи ова, судејќи по лажните пораки, е да го запишете вашето корисничко име и лозинка и да ги обновите податоците од вашата кредитна картичка, доколку сте ги внеле.
Секако, овие пораки немаат никаква врска со вистинскиот Фејсбук, а жртвите на овој начин можат да останат без својот профил, но и парите.
Доколку ја видите оваа порака по некоја ваша објава, пријавете ја веднаш преку „Facebook recovery“.
Еве како изгледа оваа порака.

Најновата измама вклучува пораки пратени на објави на корисници кои ги известуваат дека нивните профили ќе бидат суспендирани поради злоупотреба.

Пронајдете не на следниве мрежи: