Хакерите би можеле да извршат МАСОВНО УБИСТВО на луѓето кои користат пејсмејкер!?

Постои можност за масовно убиство на луѓето кои имаат електричен стимулатор на срцето (пејсмејкер). Ова предупредување пристигна од компанијата McAfee која е специјализирана за сајбер сигурност и откри дека сајбер нападите во иднина би можеле да целат кон електронските уреди кои се имплантирани во телата на луѓето, пренесоа светските агенции.Поради недостатокот на безбедност во вмрежениот софтвер на медицинските уреди, постои можност електричните стимулатори на срцето да бидат претворени во оружје кое може да биде управувано од далечина, предупреди McAfee во своето истражување.
Уште поопасни од таквите напади би можеле да бидат компјутерските вируси. Теоретски гледано, вирусот би можел да се шири преку мрежата и да го погоди секој кој што има вграден уред кој го користи истиот софтвер.
Џеј Редклиф, кој е експерт за информатика и инаку е дијабетичар, уште во 2011 година покажал на кој начин е можно да се испрати наредба до пумпата за инсулин преку мрежа, така што самиот тој го определил количеството кое инаку програмирано се вбризгува.
Хакерот Бараби Џек кој почина во 2013 година, има откриено и друг слаби точки.
McAfee сега предупредува на опасноста од таквите напади за корисниците на пејсмејкери, бидејќи до таквите уреди би можела да пристигне наредба да се пратат смртоносни шокови.
Друга опасност се заканува од откривањето на личните податоци за пациентите кои би можеле да се украдат од тие медицински уреди, предупредува Раџ Самани од McAfee.Поради недостатокот на безбедност во вмрежениот софтвер на медицинските уреди, постои можност електричните стимулатори на срцето да бидат претворен

Пронајдете не на следниве мрежи: