ТРИК ПРАШАЊА со кои Фејсбук ги разликува луѓето од вештачката интелигенција!

Нашата способност да одговараме на прашања е она што нѐ разликува од машините, но информатичарите работат на алгоритми со кои и на машините ќе им се овозможат истите вештини.Фејсбук смисли низа прашања на кои машините мора да одговорат, ако сакаат да го постигнат капацитетот на човечкиот мозок. Но, некои од прашањата се толку незгодни, што дури ни луѓето не ги знаат одговорите на нив.
Некои од прашањата бараат од компјутерот да се присети на информациите, додека други бараат броење или донесување заклучоци. И додека луѓето треба да дадат одговор на сите дваесет прашања, ниеден од седумте компјутери кои се задолжени за решавање на задачите, не успеале да понудат одговори.

Во продолжение ви донесуваме дел од прашањата:
1. Џон е на игралиштето. Боб е во канцеларијата. Џoн ја зеде топката. Боб замина во кујната. Каде е топката? Каде се наоѓаше Боб пред да замине во кујната?
2. Мери му даде колач на Фред. Фред му даде колач на Бил. Џеф доби млеко од Фред. Кој му даде колач на Фред? Кому Фред му го даде колачот? Што доби Џеф? Кој даде млеко?
3. Даниел ја зеде топката. Даниел ја испушти топката. Даниел доби млеко. Даниел зеде јаболко. Колку предмети држи Даниел?
4. Овците се плашат од волците. Мачките се плашат од кучињата. Глувците се плашат од мачките. Гертруда е овца. Од кого се плаши Гертруда?
5. Топката може да застане во ковчегot. Ковчегот може да застане во шифоњерот. Кутијата со чоколадни бонбони е помала од топката. Дали кутијата со чоколадни бонбони може да застане во ковчегот?Фејсбук смисли низа прашања на кои машините мора да одговорат, ако сакаат да го постигнат капацитетот на човечкиот мозок. Но, некои од прашањата се

Пронајдете не на следниве мрежи: