Кој е телефонот со „nightvision“ камера?

Замислете си дека е 2009-та година и сакате да ја искористите предната камера на вашиот телефон (за #selfie или видео повик), но е комплетна темница. Што доколку имавте nightvision опција?Произведен од Samsung во 2009-та година, моделот W760 е првиот и единствен телефон со овој вид на камера. Уредот се продаваше по висока цена од 450 долари, но не се грижете доколку не сте слушнале за него – тој беше ексклузивен само за Јужна Кореа.
Како што може да забележите, W760 изгледа како телефоните на Samsung од пред десетина години. Единствената поголема разлика е во тоа што овој уред има инфраред предна камера, која може да прави слики во комплетна темница. 
За разлика од стандардните nightvision зелени фотографии, сликите од оваа камера се црно-бели, како што може да забележите на десниот модел.
Samsung често експериментира со голем број на функции и дизајни, а очигледно nightvision камерата не била толку популарна за да продолжи да ја користи. Сепак, овој уред излезе во годината кога ги добивме iPhone 3Gs и голем број на Android телефони и можеби причината за неуспехот лежи во застарениот дизајн.
 
Дали би сакале да добиете nightvision камера на вашиот телефон?Произведен од Samsung во 2009-та година, моделот W760 е првиот и единствен телефон со овој вид на камера. Уредот се продаваше по висока цена од 450

Пронајдете не на следниве мрежи: