Apple го среди проблемот со превиткување на iPhone 6 Plus?

Додека траеше скандалот #Bendgate (поврзан со лесното превиткување на новиот iPhone 6 Plus), Apple се воздржи од било какви коментари на темата или потврдување на проблемот. Месец дена подоцна, изгледа дека компанијата тајно го „поправи“ телефонот…Reddit корисникот „Doctorkuddles“ тврди дека неговиот нов iPhone 6 Plus од 128GB, купен минатата недела, е прилично различен од оној на жена му (iPhone 6 Plus, 16GB), кој е купен при самото лансирање на телефонот во септември.
Корисникот тврди дека има неколку клучни разлики во телефоните, започнувајќи од едноставно потчукнување на материјалот што дава „тап“ звук, па се до споредба со стетоскоп (очигледно е вистински доктор). Звуците означуваат дека новиот модел внатре нема празен простор, за разлика од оној на жена му, каде што имало еден вид на ехо, означувајќи дека просторот внатре има празнини кои веројатно се виновни за лесното виткање на телефонот.
При споредба на вага, новиот модел е потежок за дури 21 грам од оној на жена му, што е навистина изненадувачки. Корисникот ги исконтактирал дечките од iFixIt, кои купиле нов iPhone 6 Plus и заклучиле дека е потежок за 8 грама од првичниот модел купен во септември.
Доколку ова е вистина, тоа значи дека Apple го „преќутеле“ проблемот и тајно го решиле, игнорирајќи ги сите оние корисници кои имаат превиткани телефони и се жалат во јавноста.
Извори: gsm.mk.Reddit корисникот „Doctorkuddles“ тврди дека неговиот нов iPhone 6 Plus од 128GB, купен минатата недела, е прилично различен од оној на

Пронајдете не на следниве мрежи: