Конечно се појави евтината верзија на GoPro камерата

По успехот со досегашните модели на компактни и исклучително издржливи камери, GoPro ја претстави новата генерација од своите уреди, меѓу кои е и помалата, поедноставна и ценовно подостапна камера.Новиот модел на GoPro ќе го носи само името Hero, а покрај достапната цена ќе има сосема солидни перформанси и спецификации. Камерата ќе снима Full HD видеа со 1080р на 30fps, како и 720p со 60fps, ќе има „user-friendly“ начин на работа, како и „quick-capture“ и „burst photo“ опции.
Се разбира, Hero ќе ја има една од најважните можности на овие камерчиња, а тоа е снимањето под вода на длабочина и до 40 метри.
Камерата е наменета за поголема маса на корисници, меѓу кои се и почетниците и аматерите, па цената е само 129 долари.
Дознајте повеќе на: gsm.mkНовиот модел на GoPro ќе го носи само името Hero, а покрај достапната цена ќе има сосема солидни перформанси и спецификации. Камерата ќе снима Full

Пронајдете не на следниве мрежи: