Компанијата Oppo се прослави со својата линија на „N“ телефони, кои нудат одлични перформанси за ниски и прифатливи цени. Да погледнеме како планираат да не изненадат овојпат…Новиот модел, N3, се очекува да биде презентиран наредниот месец, но во јавноста веќе започнаа да се појавуваат рендери и „шпионски“ фотографии. Она што е најважно е дека новиот уред ќе го задржи специфичниот дизајн, односно ќе добиеме една камера која се ротира за предни и задни фотографии.
Спецификациите велат дека новиот модел ќе поседува 5,9 инчен екран со FullHD резолуција (1920 x 1080 пиксели), а ќе биде опремен со новиот Snapdragon 805 процесор и 3GB RAM. Бидејќи телефонот не поседува QuadHD резолуција, тоа значи дека во комбинација со моќниот процесор треба да биде еден од најдобрите уреди на пазарот – за споредба, Note 4 ќе го поседува истиот хардвер, но и екран со поголема резолуција, што ќе доведе до послаби перформанси.
За повеќе информации, одете на: gsm.mk
Новиот модел, N3, се очекува да биде презентиран наредниот месец, но во јавноста веќе започнаа да се појавуваат рендери и „шпионски“ фо