Најдоброто од Apple доаѓа во 2014-та година

На конференцијата Re/Code Code, Eddy Cue од Apple и ко-основачот на Beats, Jimmy Iovine одржаа заедничка прес-конференција. Она што не изненади е изјавата на Cue дека Apple во 2014-та ќе ги има најдобрите производи во последните 25 години…Се прашувате што понудил Apple пред 25 години што е толку импресивно? За жал, ништо посебно. Во 1989-та година, Steve Jobs беше надвор од компанијата, а Apple го промовираше ужасниот Macintosh Portable.
Но, по оваа година, Apple почна да функционира на сосема нов начин, нудејќи ни некои од најдобрите производи на пазарот – вклучувајќи ги iMac, iPod, iTunes, MacBook Air, iPhone, iPad и iOS. Сепак, сите овие производи беа најавувани одделно, односно досега не сме виделе два револуционерни производи во една година.
Прашањето е што можеме да очекуваме од Apple оваа година? Отсекогаш знаеме дека компанијата не сака да прави повеќе нешта одеднаш, односно сака да направи само „неколку неверојатни нешта“. 
Дознајте повеќе на gsm.mk
 Се прашувате што понудил Apple пред 25 години што е толку импресивно? За жал, ништо посебно. Во 1989-та година, Steve Jobs беше надвор од компанија

Пронајдете не на следниве мрежи: