Facebook повторно ги смени поставките за приватност, а со последната промена директорката за приватност на оваа социјална мрежа, Ерин, Еган, ќе добие `јавна улога`.
Таа ќе биде централна личност на новата опција која ќе се појави за неколку седмици и ќе се вика `Прашајте ја директорката за приватност`.
Engadget пишува дека, покрај тоа, ќе биде воведена промена на правилата на употреба на податоците, вклучувајќи нови филтри кои ќе ги заменат досегашните поставки внатре во сегментот `Кој може да ви праќа Facebook пораки`.
Освен тоа, ќе бидат предложени нови потсетници за известувањата за тоа што од вашите податоци е видливо за другите корисници, како и бројни други совети за уредување на timeline-от.
Сево ова се само предлози кои до 28-ти ноевмри се ставени да ги проверат корисниците чии коментари се очекуваат.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: