Корпорацијата Apple во САД ја патентираше технологијата којашто автоматски ги блокира несаканите содржини за корисникот, вклучувајќи и рекламирање додека се следи телевизија или слуша радио, објави интернет страницата на американскиот биро за патенти – USPTO.
Опишаниот патент укажува на можноста за автоматски систем за определување на неинтересните фрагменти од аудио или видоетранслатација за корисникот и да преминување на алтернативен канал или на некоја релевантна содржина од локалните носители на информации. За определување на несаканата содржина, како што се на пример рекламните спотови, се користи комбинација на различни извори: метаподатоците за пренесувањето, идентификувани во однапред зададени параметри од корисникот.
Се претпоставува дека корисникот ќе може сам да ја прилагодува работата на оваа услуга.
Анализата на музичките предлози врз основа на една или повеќе аудиоснимки којашто делумно сака да ја исползува Apple, не е новитет. На пример, во онлајн продавницата App Store за платформата на Apple iOS, на којашто работат мобилните уреди на Apple, веќе ја има програмата Shazam, со којашто може да се одберат песни слични во стилот кој го навел корисникот.
Apple од 2007 година продава мултимедијален сет Apple TV кој овозможува гледање видео на телеекранот од интернет и домашен компјутер. Продажбата на уредот се зголеми на годишно ниво, но сепак не доволно добро. Во самата компанија Apple, бизнисот поврзан со Apple TV го нарекуваат хоби. Меѓутоа, компанијата има тенденција да му даде посериозен статус, кој ќе му овозможува можност за транслација со американските кабелски оператори, со коишто според медиумите со водат преговори.
Блокаторот за рекламите, доколку таков може да биде достапен за корисниците, веројатно нема да биде адут во евентуалните такви преговори, имено буџетот на радио и телевизиските станици во голема мера е зависен од рекламите и, соодветно на тоа, колку закупците на рекламниот простор сметаат дека тоа е ефикасно за нив.
(Макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: