Apple го обвини Sumsung за свесно копирање на нивната технологија и дизајн, додека пак Samsung изјави дека не е важно дали тие копирале, поради тоа што патентите претходно биле украдени од друга компанија. Ваквaта неочекувана изјава ја шокираше судницата.
Sаmsung се насочи конкретно кон патентот на Apple за зумирање на сликата со прстите, за кој смета дека е искористена од паметните телефони и таблети од Galaxy.
Sаmsung го претстави првиот доказ наречен „Diamond Touch“ кој претставува голем екран осетлив на допир создаден од Mitsubishi. Со овој екран на допир го негира патентот на Apple, зумирање со прсти, поради тоа што постоел многу порано од првиот iPhone. Инжињерот на Mitsubishi на судењето изјави дека ја покажал технологијата Diamond Touch, на своите колеги. Поради оваквата изјава Samsung смета дека патентот зумирање со прсти треба да се прогласи за неважечки.
Пронајдете не на следниве мрежи: