Секој хороскопски знак има некоја своја особина, „слабост“ за која не сака другите да знаат, а кога ќе се најде во ситуација кога би можел да биде разоткриен, тој се одлучува за лажење.Но, понекогаш е добро да се соочиме со себеси и да ги признаеме своите слабости бидејќи секој ги има и никој не треба да очекува од нас да бидеме совршени.
Кои се најчестите лаги кои хороскопските знаци ги изговараат, прочитајте од текстот во продолжение.
Овен: Смирен сум и не се лутам
Исклучително темпераментниот Овен многу лесно “пламнува”, но не сака другите да знаат дека понекогаш не може да ги контролира своите чувства на лутина и вознемиреност. Но, наместо да го крие тоа, би било подобро да поработи на контролирањето на сопствената темпераментност и малку да ја ублажи.
Бик: Не сум љубоморен
Бикот сака да остави впечаток на личност со голема самодоверба, па затоа признавањето дека е љубоморен за него е исто како да признае пораз. Вистина е дека Бикот е прилично склон кон љубомора, но вешто ја сокрива. Кога искрено би признал дека е љубоморен, можеби полесно би се соочил со тоа чувство кое всушност не носи ништо добро.
Близнаци: Јас не осудувам
Без разлика колку и да се обидуваме да бидеме слободоумни и отворени за различностите и разбирањето на поразличните од нас самите, секој од нас понекогаш осудува. А, Близнаците едноставно не сакаат да признаат дека ги осудуваат другите иако често го прават тоа. Сакаат другите да ги доживуваат како личности со отворен ум, а свесни се дека склоноста за осудување на мааните е нешто на кое треба да поработат.
Рак: Добро сум
Никој не ги сокрива толку добро своите чувства како Ракот. Добро се познати приказните за овие животни кои со својот оклоп се штитат од повреди. Всушност станува збор за најемотивниот знак во хороскопот кој лошите работи околу него силно го погодуваат, но попрво ќе излаже дека е добро отколку да признае што го мачи. Немојте постојано да се криете зад својот оклоп, туку признајте дека не сте добро и дека добро би ви дошла нечија помош, па барем и мал разговор со пријателката.
Лав: Го преболев тоа
Гордоста на Лавот му е поважна од сѐ и многу тешко ќе признае дека некој или нешто го повредило. Ќе го држи тоа во себе, ќе стави насмевка на лицето и став полн со самодоверба и ќе ги излаже луѓето дека преболел. Но, тој воопшто не е свесен какво олеснување би почувствувал кога би ја кажал вистината и дека сепак сè уште не преболел.
Девица: Не сум под стрес
Најголемите перфекционисти во хороскопот, Девиците, сакаат секогаш сѐ да биде беспрекорно, совршено и „под конец“, а со оглед дека не секогаш е така, тие често се нервираат и се под стрес. Но, Девицата многу добро знае да одглуми ладнокрвност и дека тоа воопшто не допира до неа. Обидете се да се опуштите и ќе сфатите дека не мора сѐ да биде совршено, всушност тоа и не може да биде!
Вага: Јас не лажам
Да биде фатена во лага за Вагата е нешто што најмалку го сака во животот. Вагите сакаат другите да ги доживуваат како искрени и отворени личности, па лагата за нив е нешто потполно неприфатливо. Но, бидејќи на овој свет не постои човек кој не излажал, така не постои ниту Вага која не кажала ниту една лага. Прифатете ја таа вистина и нема повеќе да имате потреба да лажете дека не лажете.
Шкорпија: Не сум опседната со тоа
Страсните Шкорпии се славни по својата склоност кон опсесиите, но никако не сакаат другите да видат колку можат да бидат врзани за некој или за нешто. Но, под ладнокрвната надворешност всушност се кријат големи емоции какви што само Шкорпиите можат да почувствуваат. И тоа не е лошо – нивната страсна преданост ги прави најпосакувани љубовници и најхаризматичен знак во хороскопот.
Стрелец: Не ми е грижа
Стрелците се познати по својот оптимизам. Ретко кој знак од хороскопот се смее толку многу како Стрелецот, но секако дека и тие имаат лоши моменти и проблеми. Но, на нив најчесто ќе одмавнат со раката и ќе излажат дека не им е грижа. Како навистина ќе се чувствуваат длабоко во себе ќе знаат само тие. Понекогаш престанете да се смеете и признајте дека сепак ви е грижа и дека не ви е сеедно.
Јарец: Не ми е потребна помош
Јарците сакаат сѐ да поднесат стоечки и да покажат дека сѐ можат сами, односно дека не им е потребна туѓа помош. И навистина – Јарецот е исклучително снаодлив, жилав и способен, но дури и нему понекогаш му е потребна помош. Затоа кога вашата пријателка Јарец следен пат ќе ве излаже дека може сама да го направи тоа, вие сепак пружете ѝ рака и помогнете ѝ.
Водолија: Не сум несигурна
Водолиите се славни по својата лежерност и опуштеност, па затоа често изгледаат дека ништо не ги засега. Но вистината е дека Водолијата честопати ги преиспитува сопствените одлуки и дека ѝ е важно што другите мислат за неа. Сепак, подобро ќе излаже дека е сигурна во сопствените одлуки и постапки, отколку да ја покаже таа своја слабост. Меѓутоа, не е слабост да се признае дека понекогаш не сме сигурни во она што го мислиме и да ги прашаме другите за мислење.
Риби: Можам сам да го пребродам тоа
Кога ќе им се случи нешто лошо, чувствителните Риби ќе „отпливаат“ во самотијата за да се обидат сами да го решат она што ги мачи, а притоа ќе се лажат себеси дека можат сами да пребродат сè, задлабочени во сопствените мисли и контемплации. Но, на тој начин може уште повеќе да потонат на дното и да останат заробени во мракот. Дајте им до знаење дека не се сами и дека секогаш сте тука за да им помогнете.
Но, понекогаш е добро да се соочиме со себеси и да ги признаеме своите слабости бидејќи секој ги има и никој не треба да очекува од нас да бидеме с