Неделен хороскоп од 12 – 18 декември 2016: Биковите се под психолошки притисок, Лавот пред нови работни дилеми, а Стрелецот…
Овен
Нов успех или поширока афирмација во службените кругови. Важно е да избирате работи во кои можете во потполност да ги потврдите своите практични способности и креативни идеи. Добро проценете ги своите работни можности и условите кои ви стоајт на располагање. Во љубовниот дијалог, мудро препуштете на својот партнер одредена доминација или впечаток дека го има главниот збор.
Бик
Се наоѓате под психолошки притисок, добро проценете ја комплетната ситуација на работната сцена и различните можности кои ви стојат на располагање. Долгорочниот успех подразбира правилна проценка на вредностите и почитување на заедничките одлуки. Во љубовниот живот, премногу инсистирате на убедливи докази и често барате строго или разбирливо објаснување за нечие однесување. Партнерот нема да покаже доволно слух за вашите идеи или барања.
Близнаци
Кога се наоѓате во проблематична ситуација препуштете на другите да ја преземат главната иницијатива. Доколку чувствувате емотивна несигурност, доволно е да привлечете внимание на саканиот(ата) на начин кој одговара на заедничкиот вкус и афинитети. Секој има своја слаба точка, размислете на кој начин треба да го анимирате својот партнер. Нема прична однапред да се предавате или откажувате од своите љубовни намери.
Рак
Прифатете работна понуда која ветува значајна добивка или перспективна реклама. Потрудете се да бидете ангажирани на различни страни. Важно ви е на своето семејство и саканиот(ата) да им ги обезбедите сите видови на радости. Понекогаш е тешко да се усогласат различните интереси и афинитети, но во име на заедничката среќа се е можно.
Лав
Се наоѓате пред нови работни дилеми и заговарате тимска работа. Околината очекува ефикасни решенија и добро осмислена акција. Во љубовниот живот, важно е да ги сочувате вистинските вредности и искрено да го задоволите својот партнер. Потрудете се да бидете доволно разумни и умерени кога се решаваат заеднички проблеми. Но, покажете и повеќе чувства во некои деликатни ситуации.
Девица
Работните планови кои упроно се обидувате да ги остварите, не ги донесуваат очекуваните резултати и саканиот ефект. Моментално поминувате низ различни фази на творечки подеми и падови, но тоа не треба дополнително да ве осуети. Вашата интелигенција не е семоќна во решавањето на новите љубовни дилеми. Никој нема одговор на сите прашања, секогаш постојат некои љубовни енегми кои се решаваат постапно и со текот на времето.
Вага
Посветете повеќе внимание на решавањето на некои актуелни проблеми и финансиски сметки. Во односот со саканиот(ата) провејува доза на взаемна несигурност и недоразбирање. Ситуациите кои по ваше мислење изгледаат компликувано, вашиот партнер ги посматра со различни очи и има различно гледање или оптимистички прогнози. Потребно е да ги надминете сите разлики кои ве одалечуваат од драгата личност и заедничките теми.
Скорпија
Нови случувања на работната сцена внесуваат дополнителна тензија во вашето опкружување, но вие не сакате да учествувате во јавните расправи. Мудро ги спроведувате своите работни планови и вешто балансирате помеѓу соработниците кои имаат различни работни критериуми. Во односот со саканиот(ата) постои некоја тајна врска или емотивна склопка, разменувате искрени чувства и сјајно се дополнувате во секој поглед. Сочувајте го позитивното расположение, нема причина некој од страна да ја нарушува вашата љубовна среќа.
Стрелец
Професионалната неодлучност може да ви создаде дополнителна непријатност на полето на комуникацијата или нова финансиска загуба. Важно е да реагирате во вистински момент. Не бидете импулсивни, стрпливо почекајте на површината да испливаат вистински вредности. Во односот со саканиот(ата), упорно заговарате ситуација која одговара на вашето основно расположение или афинитети. Меѓутоа, партнерот одговара резервирано и останува на своите ставови.
Јарец
Важно ви е околината правилно да го вреднува вашето знаење или професионални способности. Но, постојат различни фактори кои влајаат на неочекувани промени на работната сцена или на завршните резултати. Најубави случувања ве очекуваат во љубовниот живот или на средбата со една драга личност. Секогаш кога ќе се возбудат вашите страсти и чувства, тоа претставува позитивен сигнал кој води кон љубовна романса.
Водолија
Се наоѓате во креативна фаза и преокупирани сте со различни информации или работни идеи. Во љубовниот живот имате лошо претчувство, реагирате внимателно во ситуации кои може да ве компромитираат. Работите кои според вас изгледаат интересно или допадливо, не одговараат на афинитетите кои ги има саканиот(ата). Потребно е да се усогласите околу заедничките теми и подобро да ги усогласите своите разновидни интересирања.
Риби
Неповолната работна клима нема долго да трае, важно е добро да се припремите за наредната фаза. Одложете го потпишувањето на некои спорни документи или финансиски трансакции под сомнителни околности. Во љубовниот живот, нема потреба да се однесувате премногу со барања или наметливо пред саканиот(ата). Со упорното наметнување на своите ставови или строги правила на однесување, најчесто го постигнувате спротивниот ефект.
Овен
Нов успех или поширока афирмација во службените кругови. Важно е да избирате работи во