Дневен хороскоп за 07 декември 2016: Бикот со нереални очекувања во љубовта,Вагите во неблагодарна ситуација а Лавовите…Овен
Ве заморуваат ситници во кои премногу се тактизира. Не сакате кога некој ја ограничува вашата слобода и активност. Со партнерот не е време да започнувате никаква чувствителна тема на разговор која води кон расправија. Здравје задоволувачко.
Бик
Обрнете внимание на различни информации кои можат да ви ги олеснат работните обврски. Во емотивните проценки бидете реални. Не може да очекувате вашиот партнер да ги оствари сите ваши очекувања.
Близнаци
Своето знаење и енергија насочете го кон некои корисни цели. Нема потреба да се однесувате престрого кон партнерот.Прифатете извинување, и продолжете понатаму како ништо да не се случило.
Рак
Умеете да ги прилагодите своите интереси кон основните критериуми и подобри услови, тоа ви е добра особина.Психолошката фаза низ која поминувате има позитивно влијание на вашиот љубовен живот. Ако сте слободни уживајте во вашата слобода.
Лав
Сакате да одложите некоја средба со личност која очекува конкретни одговори од вас во работтното окружување. Делувате вознемирено поради различни дилеми, но партнерот има добра идеја и сака да ве расположи. Уживајте со партнерот.
Девица
Oптоварени сте со различни ситуации кои ја пореметуваат вашата концентрација на работа. Избегнувајте го принципот емотивно казнување или ривалство. Простете му на партнерот за малите грешки. Љубовта треба да биде посилна од се.
Вага
Се наоѓате во неблагодарна ситуација и смислувате различни решенија, но некој од сораотниците делува поефикасно. Ништо, прифатете го поразот и продолжете да се борите за своето. Партнерот има забелешки за вашето однесување. Прифатете ги критиките и променете некои особини кои го гушат партнерот.
Скорпија
Некој не ги разбира вашите работни проблеми или поставува премногу прашања. Важно е да го прифатите значењето на нечие присуство. Обидете се да не тактизирате. Искреноста секогаш се ценела и ќе се цени. Здравје добро.
Стрелец
Доколку некој ги оспорува вашите идеи, мудро одбирајте ги зборовите кои ги користите во средбите со соработниците. Ви недостига трпение во средбата со саканата личност. Најчесто ситуациите ги проценувате субјективно. Денес бидете трпеливи.
Јарец
Понекогаш не може да го добиете тоа што го сакате, но секоја ситуација има корисно значење ако правилно се поставите. Ништо не постигнувате со принципот на негација. Залудно се противите пред саканата личност. Некогаш нешто признајте и ќе ви биде многу полесно.
Водолија
Потребно е добро да ги процените своите можности и да донесете сериозна одлука. Ќе се покаже дека ништо не е случајно. Рационално користете ја својата енергија и време. Планирајте емотивна средба или некоја забава за двајца, добро ќе си поминете.
Риби
Направивте се што е во ваша моќ но не можете да ги промените работите на работното место. Постојат ситуации кога е тешко да се објасни причината и последиците, но важно е да постапите во согласност со своите чувства. Овен
Ве заморуваат ситници во кои премногу се тактизира. Не сакате кога некој ја ограничува вашата слобода и активност. Со