Неделен љубовен хороскоп 31.10.-06.11.2016: Ракот го очекува возбудлива средба, Водолијата има тежок избор!

Откријте што предвидуваат ѕвездите за вашиот љубовен живот во периодот од 31 октомври до 06 ноември.Овен: На почетокот на неделата ќе делите насмевки и комплименти на сите околу вас. Поработете на својот дух и уште во понеделник направете планови за возбудлив викенд. Среда и четврток се поволни за да направите добра анализа на своите емоции. За време на викендот ве очекува врел настан. Ако сте сингл, не ја пропуштајте забавата, а оние кои се во пар ќе уживаат еден во друг.
Бик: На почетокот на неделата ќе бидете особено расположени за нови познанства. Но, ѕвездите ви советуваат да не бидете негативни и затворени бидејќи ве очекува важно познанство што може да прерасне во нешто повеќе, а ова важи и за оние кои се во емотивна врска. Кога ќе дојде викендот немојте по секоја цена да претерувате со алкохолот. Подобро е да бидете покрај некој кој го сакате и да уживате во интимата.
Близнаци: Вистинско време е да стапите во контакт со некој стар пријател или со некоја личност со која сте имале хемија и никогаш не сте си го признале тоа еден на друг. Постои нешто што останало во вашето срце, а понеделник е поволен тоа да излезе од вас, а постои и можност за повторно дружење. Работата ќе ве оптовари во средината на неделата и нема да имате многу време за љубов, а од петокот до крајот на викендот вашата моќ на убедување ќе биде импресивна, па затоа искористете ја да го подобрите односот во врската, а не за манипулирање.

Рак: Вашиот начин да ја искажете романтиката и љубовта нема најдобро да се вклопи со другата страна на почетокот на неделата, што може да предизвика низа компликации во комуникацијата. Нема начин да се поправат работите, освен со разговор, размислување и меѓусебно разбирање. Не бидете толку тешки. Од среда до петок, вашиот љубовен живот едноставно ќе блеска. Бидете спремни за остварување на нови контакти. Во петок очекувајте возбудлива средба. За викендот ќе сакате да бидете сами и тоа многу ќе ви се допаѓа. Не претерувајте. Сепак направете баланс и најдете малку време и за другите луѓе.
Лав: Во почетокот на неделата ќе ви се допаѓаат средбите „еден на еден“. Но, внимавајте да не претерате со тоа бидејќи вашиот партнер може да се чувствува загушено и да дојде до несогласувања. Разговарајте и обидете се да направите баланс. Во среда и четврток вашата хумана страна ќе дојде до израз. Партнерот нема да сака да ве оптоварува со неговите проблеми и ќе се обиде да ги скрие, но читајте меѓу редови и бидете тука за него. Што и да направите, за викендот кармата ќе ви возврати.
Девица: На почетокот на неделата водите сметка да не пропуштите нешто позитивно и убаво само затоа што судите за книгата по кориците. Посветете се и придајте му повеќе важност на некој кој навистина се грижи за вас. Би можеле да откриете и некои новости што не сте ги очекувале. Среда, четврток и петок се денови поволни за запознавање на нов партнер бидејќи социјалниот живот ќе ви биде повозбудлив отколку претходно. Викендот би можел да донесе катастрофа во љубовта. Но не очајувајте, бидејќи ако се случи ќе биде вовед за голема среќа.

Вага: Сите работи поврзани за вашиот љубовен живот во понеделник ќе изгледаат ветувачки. Внимавајте да не поверувате во некои лажни ветувања. Во средината на неделата може да ви го скршат срцето, но останете приземјени. За викендот страстната страна ќе ви дојде до израз и ве очекуваат големи емоционални турбуленции. Немојте да бидете премногу посесивни.
Скорпија: Внимавајте на некој кој е постојано во движење и има немирен дух. Таква личност би можела да ве излуди и да го поремети вашиот живот. Ако имате партнер, среда и четврток се денови за романтика. За викендот оние кои се сингл многу ќе се забавуваат, ќе зрачат со позитивна енергија и ќе бидат атрактивни.
Стрелец: Очекувајте во понеделник и вторник лесно да ги решите проблемите и несогласувањата во врската. Бидете спремни на лавина од комплименти од спротивниот пол, со оглед на тоа дека ќе бидете исклучително шармантни до крајот на неделата. Состанокот што го планирате за викендот ќе помине одлично. Облечете се во најубавата облека, насмејте се и уживајте. Ве очекува прекрасен флерт што може да премине во нешто повеќе.

Јарец: Време е да размислите за вашиот љубовен живот во моментот и да се посоветувате со пријателите на почетокот на неделата. Срцето ви испраќа порака дека е време нешто да смените. Во среда, четврток и петок некој пријател би можел да ви стане нешто повеќе. Впуштете се во тоа без грижи. За викендот ставете го партнерот на прво место, а не своето его. Прашајте го што сака, и вам тоа ќе ви пружи задоволство.
Водолија: Со малку среќа, некои значајни делови на приказната, кога вашата врска е во прашање, најпосле ќе бидат сложени. Конечно ќе ви се разјасни се што не ви било јасно и што ве вознемирувало. Резултатите ќе ви донесат мир, без разлика дали се позитивни или негативни. Во среда и во четврток ќе мора да направите некој избор што нема да биде лесен. Размислете добро што добивате и што губите. За викендот емоциите ви се менуваат многу брзо, а тоа може да донесе забавни настани.
Риби: Простувањето е едноставно, но мора да дојде од срцето. Ова важи и за простувањето на самите себеси, а тоа е нешто што треба да го направите на почетокот на неделата. Заборавањето може да доведе до тоа да не ја научите лекцијата и да ја повторите грешката. Вторник, среда и четврток се одлични за флерт, журки и состаноци, како и сите видови на забава и радост. Бидете позитивни и насмеани. Никогаш не знаете кој ќе ве забележи, а особено за викендот. Каде и да одите, бидете убави, бидејќи ве очекува изненадна и незаборавна средба.Овен: На почетокот на неделата ќе делите насмевки и комплименти на сите околу вас. Поработете на својот дух и уште во понеделник н

Пронајдете не на следниве мрежи: