Сигнали кои ги испраќаат хороскопските знаци кога некој им се допаѓа

Можеби цело време говори дека му се допаѓаш, но ти не го гледаш тоа бидејќи својата наклонетост ја искажува сосема својствен начин за него.Овен
Овој знак ќе ти покаже дека те сака така што ќе биде твој најголем фан. Ќе ја обожава твојата натпреварувачка страна. Дури и ако го победиш во некој спорт, ќе биде среќен поради твојата победа.
Бик
Ќе знаеш дека помеѓу вас има нешто така што ќе се однесува како вистински витез и ќе дава се од себе за да те заштити. Како прав херој ќе биде непоколеблив во својата поддршка на секоја твоја акција.
Близнаци
Кога ќе се расправате или дојде до некаков конфликт, овој знак својата посветеност ќе ја покаже така што ќе даде се од себе работите да ги согледа од твоја страна, а понекогаш дури и ќе го промени мислењето.

 
Рак
Ако имаш лош ден, Ракот ќе ти даде до знаење дека си му посебна така што ќе се потруди сета фрустрација да ја исфрлиш од себе, па дури и ако знае дека тој ќе биде мета. Ќе биде мирен и ќе чека да се издуваш. Така ракот ја покажува љубовта.
Лав
Лавот својата љубов ја покажува така што неговата сакана личност знае да ја цени, сака и посакува. И не само тоа, со голема гордост ќе ве претстави пред своите пријатели и семејството.
Девица
Мажот од овој знак своите симпатии ги покажува не сами давајќи совети, туку и прифаќајќи совети од личноста која ја сака.

 
Вага
Ако му се допаѓаш, ќе гледа секогаш да бидете во некој вид контакт. Нема да му биде потребна причина да те побара, да ти прати порака или меил и да те праша како си.
Скорпија
Овој знак својата наклонетост ја искажува со прашањето – „што да направам за да биде подобро“? На овој начин покажува дека сака да биде подобар маж за тебе и дека не му е проблем да ти ги довери сите свои ранливости.
Стрелец
Ако одненадеж ти предложи заедничко патување а се работи за дестинација која отсекогаш си сакала да ја посетиш, иако можеби не е нешто што нему би му одговарало…се е јасно.

 
Јарец
Ни Јарецот не е нешто помалку дарежлив. Мажите во овој знак ќе направи се за да го добиеш подарокот кој отсекогаш си го сакала.
Водолија
Водолијата ќе ја покаже својата љубов така што ќе се придружи на некоја организација која ти е тебе важна.
Риби
Иако се сонувачи, ако си му драга на припадник од овој хоропскопски знак тој ќе те праша каков ти бил денот пред да почне да зборува за него. Притоа внимателно ќе те ислуша и нема да мисли на ништо друго. Овен
Овој знак ќе ти покаже дека те сака така што ќе биде твој најголем фан. Ќе ја обожава твојата натпреварувачка страна.

Пронајдете не на следниве мрежи: