Дневен хороскоп за 24 октомври 2016 година: Ракот неизвесен, Девицата без одмор, Скорпиите мистериозниОвен
Само опуштете се и ќе имате многу успешен ден. Во ведра атмосфера денес ќе го дадете својот максимум во извршување на обврските. За слободните Овни ова нема да биде ден во кој ќе се случи нешто важно. Зајакнете го имунитетот.
Бик
Распоредете ги работните обврски во текот на целиот ден без напрегање. Некој Лав може да ви биде добар сојузник. Некој ве гледа со почит и восхитување. Но можеби зад тоа не стои искрена намера туку потенцијална корист.
Близнаци
Што побргу ви е потребна сигурност што се однесува до приходите. Биковите се одлични за соработка денес. Близнаците кои се во врска стравуваат од раскинување и губење на партнерот. Слободните ќе бидат поопуштени, па можно е познанство со личност со ведар дух.
Рак
Само што ќе започнете со успеси, веднаш ве совладува страв. Затоа постојано барате поддршка но овој пат истата ја нема. Поминавте низ доста ладен период во последно време на љубовен план. Слободните ги очекува интригантна врска.
Лав
Не ви недостига амбиција, само уште коцките да се поклопат и ќе имате успешна недела. Слободните лавови ги очекува средба полна со убави изненадувања. Оние кои се во долга врска влегуваат во проблематичен период.
Девица
Ако успеавте да се одморите викендов, тоа ќе ви биде најдобрата инвестиција во последно време, бидејќи ве чека работа, и тоа многу работа. Партнерот денес ќе биде многу внимателен и нежен со вас, нема да ја знаете причината, но ќе ви годи.
Вага
Додека сте во тим секоја работа ќе ви оди од рака, а штом нешто самостојно ќе се обидете, одеднаш се јавуваат потешкотии. Најдете ја златната средина. И кога чувствувате дека не сте во елемент на љубовен план, просто плените. Денес ќе бидете кобни за некој Стрелец или Скорпија.
Скорпија
Тоа што сте го планирале и што тргна на добро, одеднаш застанува. Плановите за некоја работа ви паднаа во вода. На љубовен план се затворате во себе, зад силната школка на вашата самотија. Внатре не може никој да продре. Следува фаза на прочистување.
Стрелец
Брзо донесете одлуки кои веднаш ќе покажат колку сте ефикасни. Лекцијата од минатото доволно е совладана. Стрелците кои се во врска ќе имаат проблеми околу разбирањето. Не ви оди комуникацијата со партнерот. Слободните ќе влезат во кратка авантура.
Јарец
Ќе ја промените тактиката за да стигнете до целта. Во работата ќе ви значи помош од еден Бик Денес не сте во елемент. Јарците кои се во врска или брак влегуваат во период на монотонија. За слободните ова е мирен период.
Водолија
Можеби во овој нов бизнис нема да останете долго време, признајте си ја грешката. Комуникацијата со партнерот добро напредува. Нема повеќе глуви телефони ниту претеран егоизам. Сепак, тоа не значи дека треба да престаните да мислите на себе.
Риби
Можете со полна пареа да влезете во нови бизнис потфати. Ве очекува добар периот на работа. Можеби се чувствувате малку инфериорно во однос на партнерот или некој за кој имате симпатии. Поработете на самодовербата. Овен
Само опуштете се и ќе имате многу успешен ден. Во ведра атмосфера денес ќе го дадете својот максимум во извршување на