Дневен хороскоп за 04.Септември: Бикот во љубовна мелодрама, Ракот под стрес, а Девицата..Овен
Почнете со некоја нова и оригинална работа и пронајдете се во тоа. Ве привлекува еден Рак, можеби не сте спремни на поголем компромис, но ќе заборавите на лошата процена и ќе и дадете шанса на оваа личност.
Бик
Кога е во прашање приватниот бизнис не ги слушајте другите, но не се откажувајте од тимската работа. Мора да се извлечете од љубовната мелодрама. Имате јасен правец на она што сакате да го постигнете. Не си ги отежнувајте работите.
Близнаци
Сакате доминантна атмосфера и силна присутност во работата со која се занимавате. Љубомората на партнерот ви пречи и не сакате да ги поставите работите на свое место. Трпите удари на судбината.
Рак
Не се стегајте да кажете што мислите па ослободете се од дополнителниот стрес кој ве прави колеблива личност. Може да се почувствува малку поостра борба со личност со која се познавате од порано. Понекогаш може и да попуштите.
Лав
Не ги одбивајте идеите кои ви се наметнуваат и кои прават одлична работна прилика. Не ви е лошо со личноста која ја имате покрај вас. Имате среќа што одлично се поставивте и немате намера да го избегнувате својот партнер.
Девица
Вашето ситничење може да ве чини живци на работното место. Им посветувате повеќе внимание на домашните од претходно. Пренатрупаноста со работа ве оттргна од партнерот, но наскоро ќе се промени тоа.
Вага
Имате големи амбиции, но спремни сте малку да се протуркате за некој поголем предизвик. Имате став на ексцентрична личност, која сака многу да си приушти себеси на еден суптилен начин. Повеќе дружете се со партнерот.
Скорпија
Денес може да имате поголем апетит од вообичаено. Се чувствува голема борба во вас на работното место. Сакате времето да го поминете со личност која одамна ве интересира. Ќе останете во одлично расположение и немора на никој да му полагате сметки овој пат.
Стрелец
Полето пари, се уште не е на добро место. Не очекувајте премногу засега. Партнерот ви е далеку и вие сте навикнати да бидете сами. Чувствувате дека некои работи кај себе мора да ги промените и одите кон тоа да го направите.
Јарец
Не плашете се да тргнете напред, бидејќи на крајот од тунелот може да видите цел за вашиот работен сегмент. Невозвратената љубов не смее да ве поколеба во она во кое сте најдобри. Постои одреден временски интервал кој мора да го премостите макар и да останете сами.
Водолија
Ќе имате успех на работа ако за соработници имате лица како што се Лав или Рак. Покажувате одлично расположение, но не толку отворено. Партнерот понекогаш не ве препознава и тоа може да ве оддалечи.
Риби
Депресијата од порано е многу присутна во вашето поле на работа. Интеграцијата со лице од минатото е неминовна. Еден Јарец не се откажува од вас и вашиот емотивен сегмент. Чувствувате пеперутки во стомакот. Овен
Почнете со некоја нова и оригинална работа и пронајдете се во тоа. Ве привлекува еден Рак, можеби не сте спремни на п