Викенд хороскоп за 24-25.09.2016Овен
Ве нервираат луѓето што постојано ви кажуваат дека секогаш може да сметате на нив, да се јавите кога ви е потребно и кога ќе ви требаат ќе немаат време за вас. Не нервирајте се поради нив, имате други пријатели на кои можете да им верувате. Притоа, сигурно ќе изгубите премногу енергија, а нема да постигнете ништо конкретно.
Бик
Вие повеќето од вашите идеи, мисли и планови не ги чувате во себе, веднаш ги споделувате со другите. Но една работа сѐ уште е длабоко запишана во вас, и преиспитајте се што треба да направите. Би било најдобро ако на блиска личност со која сте опкружени и се отворите за она кое ве мачи.
Близнаци
Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.
Рак
Овој викенд ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија поради празникот и ќе претпочитате да ја поминете саботната вечер во домашна атмосфера со саканиот покрај вас. Не сте во врска? Поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.
Лав
Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра.
Девица
Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта. Ако ви треба помош од партнерот или семејството, не се плашете да ги прашате.
Вага
Минатите недели се обидувавте толку многу за некои работи, но на крај ништо не испадна како што сакавте. Во текот на оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации за кои ќе бидете среќни. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да влијаете врз нив, но тоа не значи дека тие се лоши за вас.
Скорпија
Во период сте на промени и сега е време своите потреби и ставови да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите што се пред вас, но постои граница, која понекогаш е потребна да ја поставите. Ова не значи дека сите околу треба да ги игнорирате и натаму им е потребна помош, но откако ќе ја завршите својата работа во текот на неделата.
Стрелец
Пријателите нема да успеваат потполно да ве разбираат и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварувате контакти со стари пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.
Јарец
Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја и желба, а денешниот ден е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.
Водолија
Викендов би можеле да ве вознемират некои спомени од минатото, или средба со личност која не сте ја виделе многу долго. Бидејќи во вас ќе се појават силни чувства, бидете внимателни да не ве обземат и да го заборавите моменталното окружување.
Риби
Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.Овен
Ве нервираат луѓето што постојано ви кажуваат дека секогаш може да сметате на нив, да се јавите кога ви е потре