Индијански хороскоп: Овој знак е најдобар љубовник и сите го посакуваат

На сите нам по датумот на раѓањето ни е доделен духот на некое животно кое ни ги формира карактеристиките. На пример, родените во знакот Волк според индијанскиот хороскоп се најголемите љубовници од сите хороскопски знаци.Видра (20 јануари-18 февруари): Луѓето родени во овој знак се многу интелигентни, имаат добра интуиција и многу се креативни. Одлично ги читаат и туѓите емоции. Кога некој им е важен, многу се посветени. Вистински пријатели се, а се и многу чувствителни и искрени кон членовите на семејството. Понекогаш знаат да бидат бунтовници и непристојни, и да не запираат пред ништо само за да дојдат до целта.
Волк (19 февруари-20 март): Волците се многу нежни, емотивни и страстни: Тие се најголемите љубовници меѓу хороскопските знаци. Тие ги разбираат потребите на партнерот и сакаат да ги исполнат. Од друга страна, важна им е слободата бидејќи се и самотници, и секој обид да им се скрати слободата би завршил лошо. Понекогаш знаат да бидат и непрактични, своеглави, одмаздољубиви и опседнати со некој или нешто.
Сокол (21 март-19 април): Овде се работи за роден водач. Тие се во состојба со мирна глава да размислуваат за секој проблем и да го донесат вистинското решение. Луѓето родени во овој знак се постојано во движење, не сакаат да губат време или да бидат бескорисни. Заради истрајноста и преземањето иницијативи се одлични деловни соработници. Понекогаш се арогантни, а особено ако им е денот лош, и знаат да бидат безобразни и нестрпливи. Но, кога се опкружени со луѓе кои ги поддржуваат се многу чувствителни.

 
Дабар (20 април-20 мај): Дабарот ја прави секоја работа самоуверено и итро. Со луѓето родени во овие знаци не можете да се надмудрувате бидејќи се остроумни и без влакна на јазикот, и прават се како што ќе наумат. Заради тоа и секогаш си навлекуваат проблеми. Во љубовта се со широко срце, многу верни и чувствителни. Кога се нервозни, ги тероризираат сите околу себе. Знаат да бидат посесивни и премногу да бараат.
Елен (21 мај-20 јуни): Родените во овој знак се со весел карактер, полни со живот и многу остроумни. Луѓето сакаат да се дружат со нив и покрај фактот дека се малку нарцисоидни и себични. Тие толку многу зрачат со живот и енергија, што тоа делува заразно на луѓето околу нив, а особено партнерот со кој живеат. Знаат да бидат инспирација. Ако случајно се нерасположени, знаат да бидат со променливо расположение, нестрпливи, па дури и дволични.
Клукајдрвец (21 јуни-21 јули): Клукајдрвците се многу грижливи, скромни, полни со разбирање и знаат со искрена заинтересираност да ги слушаат другите луѓе. Организирани се и снаодливи. Даваат огромна поддршка на блиските. Добри родители се, а се и одлични љубовни партнери и пријатели. Кога се добро расположени се внимателни и романтични, но кога не се, можат да зрачат со лутина, да бидат љубоморни и посесивни, па и по малку злобни.

 
Лосос (22 јули-21 август): И луѓето родени во овој знак се многу креативни, интелигентни, имаат силна интуиција и зрачат со енергија која често ги поттикнува другите. Самоуверени се и нивниот ентузијазам како магнет ги привлекува другите луѓе. Понекогаш ќе се сложите со нив иако не се во право, само затоа што се многу привлечни. Често знаат да имаат и многу пријатели и познаници кои се спремни да им помогнат. Секогаш имаат некаква цел во животот, па дури и тоа да е нешто мало и неважно. Во љубовта се сталожени, сензуални и дарежливи, но, ако некој ги повреди, стануваат безобрази, егоцентрични и нетолерантни.
Мечка (22 август-21 септември): Мечките се многу мирни, трпеливи и практични, па затоа се и добри деловни партнери, а и одлични учители. Разумни се, великодушни, скромни, а понекогаш се и малку срамежливи. Оној кој го сакаат го опсипуваат со нежност и со несебична љубов. Ако не се расположени можат да станат повлечени, параноични и да се оптоваруваат со ситници што немаат никаква важност во животот.
Гавран (22 септември-22 октомври): Тие се најголеми шармери и родени забавувачи. Поседуваат толку силна енергија, што луѓето не можат да им одолеат. Ги сметаат за генијалци бидејќи се способни во исто време да бидат идеалисти и дипломати. Во љубовта се романтични, мирни и опуштени. Знаат да имаат и силна интуиција кога се во прашање потребите и желбите на партнерот. Кога им е лош денот можат да бидат одмаздољубиви и рамнодушни, а понекогаш знаат и премногу да бараат.

 
Змија (23 октомври-22 ноември): Тие се многу духовити и одличен материјал за духовен водач: Многу од шаманите се родени во овој период. Змиите се успешни во медицинската помош. Сепак духовното го ценат повеќе од материјалното, и заради ова, често на нив гледаат како на чудни луѓе. Некои дури и се плашат од нив бидејќи делуваат мрачно и таинствено. Но, тие се грижливи, чувствителни, страстни, а особено во љубовните врски. Многу им е важно да им се возврати љубовта, бидејќи во спротивно стануваат потиштени и склони на силни промени на расположението.
Був (23 ноември-21 декември): Со луѓето родени во овој знак не е лесно да се живее бидејќи делуваат како да се постојано во петта брзина. Склони се на чести промени и ги обожуваат авантурите. Можат да бидат себични и безобзирни кон другите луѓе. Често завршуваат во проблематични ситуации заради непромисленоста. Но сепак, многу се прилагодливи и сестрани, па секаде некако се снаоѓаат. Во љубовта се чувствителни и грижливи, а ако не се добро расположени можат да бидат агресивни и огорчени.
Гуска (22 декември-19 јануари): Гуските се луѓе од доверба и ако им дадете нешто да направат, можете да бидете сигурни дека тоа ќе го направат одлично. Луѓето родени во овој знак се многу доминантни, амбициозни и упорни, а ако имаат некаква цел, не се откажуваат додека не ја постигнат. Тие мораат да успеат по секоја цена кога нешто си зацртале, и тоа не е за да им докажат на другите, туку на самите себе. Во љубовта се страстни, сензуални и духовити, а поддршката на саканите многу им значи за да успеат во своите планови. Ако не се опкружени со љубов и се препуштени сами на себе, склони се и на зависности.Видра (20 јануари-18 февруари): Луѓето родени во овој знак се многу интелигентни, имаат добра интуиција и многу се креативни. Одли

Пронајдете не на следниве мрежи: