Викенд хороскоп за 23- 24.07.2016

Викенд хороскоп за 23- 24.07.2016Овен
Нема причина да ги обвинувате другите за моменталниот неуспех бидејќи  е можно грешките да се наоѓаат  во вас, а не во околината. Внимателно анализирајте го однесувањето на партнерот, можеби постојат  некои  непознати   околности или  детали кои  не ги  забележувате. Немојте да ги  игнорирате зборовите на другите или пораките кои  ги  добивате.
Бик
Донесувате рационални  одлуки, но  понекогаш треба да постапоите според инстинктот. Внимателно  набљудувајте  ги  своите  соработници и  насочувајте ја приказната во оној правец кој  води  кон  некој  заеднички успех.
Близнаци
Покажете искрен интерес за идеите кои  ги  има саканата личност. Избегнувајте ги разните емотивни провокации или  новата љубоморна сцена. Нема причина да се однесувате наметливо.

 
Рак
Упорно барате излез од комплицираните ситуации, но како  некој  дополнително  да ве оптоварува со разни барања. Избегнувајте ги  ривалството или  некоја љубоморна сцена. Покажете ѝ на саканата личност  дека имате слични потреби.
Лав
Бидете доволно промислени пред личноста  која ве обврзува на одредени услови во  работната средина. Чувството  на емотивна блискост во вас поттикнува позитивно  расположение и креативна енергија.
Девица
Договорот со  една личност  ве обврзува на одредени услови или  на строга работна дискреција. Понекогаш посакувате повеќе отколку  што  е можно, а партнерот делува мрзоволно додека ги  слуша вашите поплаки. Бидете реални во процената на нечии  можности.

 
Вага
Вложувате голем напор, но  на крај не оставате позитивен впечаток  на одредени  соработници. Нема причина да го прикривате своето  емотивно  нерасположение пред личноста која  многу добро  ги познава вашите мани или  доблести.
Скорпија
Нема причина да ја одложувате средбата со соработниците. Сега е моментот да ги  забрзате своите  деловни  активности или  да прифатите нечија понуда. Препуштете му  ја главната улога на вашиот партнер во  заедничките ситуации, посебно  кога љубовниот занос ве води  кон  најубавото  задоволство.
Стрелец
Немојте да дозволите некој  да ве оптоварува со погрешни  идеи или  да ве условува. Често  губите трпение пред една блиска личност. Насочете го вниманието  на  поведри  работи.

 
Јарец
 Потрудете се да делувате доволно заносно и  инспиративно пред саканата личност. Немојте да дозволите да се одалечувате  од некои  заеднички  планови. Заминете на кратко  патување и  оддалечете се од сите проблеми.
Водолија
Покажете дека имате разбирање за саканата личност. Се што правите треба да ве зближи со  слични  цели. Фантазијата секогаш делува како  бескрајна инспирација, доколку се наоѓате во вистинско друштво.
Риби
Избегнувајте ги провокативните ситуации или  личноста која не исполнува повеќе емотивни критериуми. Потребно ви  е искрено внимание и  разбирање. Направете избор во согласност  со своите афинитети.Овен
Нема причина да ги обвинувате другите за моменталниот неуспех бидејќи  е можно грешките да се наоѓаат  во в

Пронајдете не на следниве мрежи: