Љубовен неделен хороскоп

Прочитајте што ви кажуваат ѕвездите…Овен
Понеделник е одличен ден за конечно да допрете до некој кој одамна ви се допаѓа. Мали знаци на внимание, насмевка и поглед може да ви помогне во остварување на целта. Доколку имате партнер, може да се појави љубомора. Околу петок и сабота ќе имате проблем да се одлучите дали да го послушате срцето или разумот. Опуштете се и почекајте недела. Одговорот ќе дојде сам по себе.
Бик
Ќе имате можности во изобилие, подгответе се за романса. Постои можност некој пријател да ви стане повеќе од тоа. Ако сте во врска, ќе имате низа од романтични моменти. Во недела водете сметка. Ѕвездите ви предвидуваат промени.
Близнаци
Понеделник е идеален ден за вашиот знак. Вашата енергија ќе биде одлична. Во среда очекувајте да бидете разочарани. Некоја личност ќе си го покаже вистинското лице. Петок и сабота се поволни за разговор за некои работи поврзани за врската.
Рак
Деновите кои се пред вас ќе ги паметите целиот живот, кога станува збор за љубовта. Во вторник и среда, поминувајте што повеќе време надвор. Ќе запознаете некој што ќе ви го промени животот. Викендот е особено романтичен за оние кои се во врска.
Лав
Ќе направите нешто особено романтично за вашиот партнер. Друштвениот живот е многу нагласен во среда и четврток. Викендот е поволен за оние кои се сингл.
Девица
Во понеделник чувајте се од лекомисленост и површност. Во среда и четврток бидете особено внимателни, ако сте во подолга врска и не правете нереални планови во врска со заедничкиот живот. Викендот ќе имате тајна врска со некој од друг град.

Вага
Оваа недела ќе бидете окупирани со размислување за брак. Ситуацијата на љубовен план ќе биде подобра од кога било. Доколку сте сингл, во четврток може да ви се додворува некој поранешен партнер.
Скорпија
Приврзаноста со партнерот најмногу ќе ја покажете во понеделник и вторник. Оние кои се слободни, во четврток ќе запознаат многу интересна особа. Викендот посветете го на дружење со пријателите.
Стрелец
Оваа недела носи многу изненадувања на љубовен план. Слободните ќе уживаат во тајна врска со некој постар. Во среда сериозно ќе размислувате за иднината и ќе решите дека сте подготвени вашиот партнерски однос да го подигнете на повисоко ниво.
Јарец
Понеделник, вторник и среда се денови кога вашата креативност и позитивна енергија ќе биде на високо ниво. Ќе ја освоите личноста која ви се допаѓа.
Водолија
Понеделник ви носи изненадувања, и многу романтични моменти. Ако во вторник, среда или четврток одите на состанок, освојте ја личноста која ви се допаѓа со тоа што ќе ја однесете на некој културен настан. Петок и сабота ви носат голема енергија. Ќе бидете страствени.
Риби
Од вторник до четврток, ќе бидете изразито убави, но и шармантни и интелигентни. Искористете го тоа. Уживајте во убавите моменти.Овен
Понеделник е одличен ден за конечно да допрете до некој кој одамна ви се допаѓа. Мали знаци на внимание, насмевка и п

Пронајдете не на следниве мрежи: