Вагите трпеливи, Водолиите опуштени: Откријте каква МАЈКА ќе бидете според хороскопскиот знак!

 
Сигурно во некој момент сте си рекле “никогаш нема да бидам како мојата мајка”, или пак “Кога ќе имам дете тоа никогаш нема да му го дозволам”. Но, астролозите тврдат дека вашиот хороскопски знак многу ќе влијае на вашите одлуки и однесување кога ќе се најдете во најважната животна улога. Затоа, проверете дали се во право.
  
 
Овен
Позитивни страни: самодоверба, сила и храброст
Негативни страни: гнев, опсесивност, преголема суета, себичност, претеран натпреварувачки дух
Родителски стил:
Големо браво за храбрата мајка-воин. Мајките Овни прават се во храбар стил. Кон животот пристапуваат како влегување во битка, со возбуда и намера да победат, а такви им се и родителските методи. Сепак, со оглед на тоа дека нивното јас е многу важно, колку и нивното дете да го заслужува целото внимание на светот, овните знаат да постават граници.
 
Бик
Позитивни страни: стабилност, добар вкус, здрав разум, труд и грижливост
Негативни страни: материјализам, честа промена на расположението, суета
Родителски стил:
Прво се учи, а потоа се игра – тоа е основниот метод на воспитување на мајките родени во знакот Бик. Но, кога сите обврски ќе завршат и мајките знаат дека децата се безбедни, чисти, испеглани, здрави и прави, тогаш може да се ужива. Мајките Бикови ги форсираат децата да одат на дополнителни часови и да седат на книгата, но тие исто така се истите оние кои му дозволуваат на своето дете да вози мотор и на 12 години.
 
Близнаци
Позитивни страни: Љубопитност, отворен ум, оригиналност, креативност
Негативни страни: Недоследност, нетрпеливост, контрадикторност, држење лекции наместо да слушнат кој е проблемот
Родителски стил:
Мајка со многу личности е најкраткиот опис за мајките во овој знак. Тие се комплицирани, па дури и контрадикторни личности, но со нив никогаш не е здодевно и децата ги обожуваат.  Нивните принципи и начините на воспитување не им се јасни на другите луѓе, но такви се Близнаците, најконтрадикторни карактери во астрологијата.
Рак
Позитивни страни: чувствителност, комфор, добар вкус, посветеност, сензибилност
Негативни страни: чести промени на расположението, љубомора, претерано заштитнички настроена, плашливост
Родителски стил:
Мајчинскиот инстинкт е како вроден ген за многу мајки родени во знакот Рак. Овој знак отсекогаш се однесува како мајка кон своите најдобри пријатели, во врските, кон домашните миленичиња – едноставно се родени за оваа улога. Тие се мајки кои веднаш откако ќе дознаат дека се бремени знаат се во врска со бременоста, породувањето и воспитувањето на децата. Нивната посветеност и грижливост кога се во прашање децата и семејството е толку голема што главно целосно го запоставуваат социјалниот живот, и сите оние мали но значајни радости.

Лав
Позитивни страни: самодоверба, лидерство, весел и разигран дух, креативност
Негативни страни: себичност, непотребно правење драми, екстремност
Родителски стил:
Светла, камера, акција! Лавицата е креативна и драматична мајка и секогаш знаете дека е тука или пак била во близина. Родителството за Лавиците е единствено лично доживување и е работа во која влегуваат со сето срце и душа. Ги учат децата да се горди и успешни и низ животот да чекорат со крената глава, но и лавовски ги штитат. Мисијата на мајките лавици е да ги изведат децата на најдобриот можен пат, но внимавајте да не им застанете на тој пат.
 
Девица
Позитивни страни: здрави навики, организираност, интелект, здрав разум
Негативни страни: Честа грижа и нервоза, самоосудување, тенденција на претерано анализирање, осудување
Родителски стил:
Конечно овде е изговорот за диригирање по ваши ноти, за планирање, организирање, за сиот тој ред, работа и дисциплина која треба да се има во секој ден за се да функционира како што треба. Иако ова е сличност што секоја мајка Девица ја поседува, има и разлики. Така некои во оваа улога ќе се снаоѓаат лесно, додека оние поинтровертните и помалку дружељубивите, ќе им биде потребен подолг период на адаптација за да се навикнат дека се во нивниот живот сега е во служба на едно мало, беспомошно суштество.
Вага
Позитивни страни: стрпливост, добар вкус, храброст
Негативни страни: недоследност, снобизам, суета
Родителски стил:
Кога Вагата станува мајка, терезиите се усогласуваат, нема веќе место за пресметување, премислување и сето тоа мерење. А можеби и има? Иако мајката Вага со леснотија ги извршува сите обврски и без проблем ги става пред себе детето и семејството, има денови кога излегуваат од баланс, но сепак се враќаат, свесни за приоритетот. Во нејзиното воспитување на децата не е важно само да станат квалитетни луѓе, туку и тоа да заполне од најмала возраст. Не им е тешко со часови да им објаснуваат на децата зошто небото е сино и да го слушаат начинот на кој тие размислуваат.
Скорпија
Позитивни страни: интуиција, сила, прилагодливост, силна волја
Негативни страни: параноја, емотивност, потреба за контролирање, опсесивност
Родителски стил:
Мајката скорпија е единствен микс, таа е по малку страшна, но креативна и инспиративна личност, неконвенционална, но и контролен фрик. Кон своите деца е застрашувачки заштитнички настроена. Ова е емотивен воден знак, токму како и кај Раковите грижата и внимателноста е во нивната природа. Светот и околината не ја интересираат многу, но за нивното дете срцето може да им застане во секунда. Така, кога е во прашање воспитувањето, на овие мајки им е важно да обезбедат иднина на своето дете, и за ова имаат систематски план.
 

 

Стрелец
Позитивни страни: хумор, мудрост, авантуристички дух
Негативни страни: нестрпливост, грубост, претерана спонтаност и недостаток на структура во воспитувањето
Родителски стил:
Спонтаните Стрелци живеат во моментот, и мајчинството во нивниот живот е значаен пресврт. Многу ја ценат својата слобода и независност, заради што родителските обврски и грижи можат навистина тешко да им паднат. Сепак, кога се наоѓаат во овие води често одат во крајност на потполно посветување на децата и дневните обврски и максимално се исцрпуваат. Но, кога се опуштаат и нивниот спонтан дух запловува во мајчинските води, целото семејство е во добивка.
 
Јарец
Позитивни страни: склоност на планирање и одлична организација, доследност, трпеливост, внимателност
Негативни страни: Претерана грижа, песимизам, преголема сериозност
Родителски стил:
Со оглед на тоа дека главната планета на овој знак е Сатурн, кој во хороскопот се поврзува со авторитетот и мажественоста, ни жените родени во знакот Јарец не се поштедени од овие особини, а посебно не како мајки. Не се плашат на своите деца да им постават правила и граници во лекциите што ги сметаат за важни. Овие мајки се исклучително традиционални и мислат дека децата треба да ги почитуваат, како што се и тие ги почитувале нивните родители. Важна улога во воспитувањето на децата игра посматрање на работите низ традиционалната норма.
 
Водолија
Позитивни страни: младински дух, оригиналност, отворен ум, правичност
Негативни страни: поставување граници, склоност на драматизирање, немир, претерано попуштање
Родителски стил:
Мајката Водолија поседува необичен и радознал карактер кој не е можно да се смести во калап. Одлично се снаоѓаат во хаосот што владее во куќата со бебињата, а нивните родителски методи можат да се сменат без никакво предупредување, со неа постојано има авантури и ниеден ден не е обичен и здодевен. Својата улога на родител ја сфаќа исто како и својот живот, како големо патување, на кое таа одлично се снаоѓа.
Риба
Позитивни страни: фантазија, креативност, грижливост
Негативни страни: манипулативност, нестабилност, претерано чувство на вина
Родителски стил:
Чувствителна и емоционално интелигентна, полна со емпатија кон светот што ја опкружува, мајката Риба ги става децата на прво место, иако тоа можеби не изгледа така, бидејќи таа често себе се случува да се почести со патување, пар чевли и ручек со пријателките, на кој и нив ќе ги убедува да го прават истото со себе. Меѓутоа, ваквите изненадувања ги дозволува и на своите деца, а со уживање ќе ги планира родендените и маскенбалите на најкреативниот можен начин.
 
  
 
Овен
Позитивни страни: самодоверба, сила и храброст
Негатив

Пронајдете не на следниве мрежи: