Неделен хороскоп за 18.04-24.04.2016

Неделен хороскоп за 18.04-24.04.2016Овен
Делувате многу енергично и активно учествувате во различни случувања на работната сцена. Умеете да остварите корисни цели и имате големо влијание на своите соработници. Динамиката на работните случувања наметнува забрзано темпо и бара способност за вешто прилагодување.
Бик
Имате впечаток дека се наоѓате пред другите и самоуверено отфрлате различни забелешки кои не се по ваша волја. Претераното инсистирање на личните интереси го свртува вниманието на околината и создава дополнителни проблеми во службената соработка. Потребни ви се сигурни информации и нечие посредување, како дополнителна гаранција да би ги оствариле своите работни визии.
Близнаци
Делувате активно на различни страни и умеете да го пренесете творечкиот импулс или креативната енергија на својата околина. Блиц интелигенцијата или способноста за ефикасно прилагодување, претставува ваш главен адут на службените средби. Наместо да се надмудрувате со неистомислениците прилагодете го својот стил на изразување во однос на утврдените правила и високите професионални критериуми.
Рак
Внимателно ја анализирате комлетната ситуација на работната сцена од различни аспекти и ги проценувате своите можности. Важно ви е да дефинирате прави професионални вредности и да ги остварите своите цели. Посветете внимание на корисните информации.

 
Лав
Се наоѓате во фаза на креативен подем и важно ви е да го подобрите својот работен или општествен статус. Осмислете добар план и мудро почекајте на завршната фаза во работните преговори. Се се сведува на прецизно планирање или на ефикасна примена на успешна формула. Важно е да имате добра концентрација на службените средби
Девица
Премногу сте горди за да прозборете за одредени проблеми кои ве попречуваат и на таков начин непотребно ја отежнувате својата работна или општествена положба. Доколку ви е важно да ги сочувате добите работни врски и рејтинг прифатете можност за компромисен договор. 
Вага
Се наоѓате во сјајна форма и имате интересни идеи. По испробан рецепт применувате успешни правила во работно-финансиската соработка. Потребен ви е дополнителен поттик или некој кој ви бе поддржал  во одлучувачки ситуации. Вашата дополнителни комбинација, претставува спој на убави и корисни работи во различни правци.
Скорпија
Делувате енергично пред  својата околина и се обидувате да усогласите различни работни интереси. Важно ви е да сочувате добар работен рејтинг, но не се согласувате со нечие дополнително условување. Потребно е да одредите јасна граница помеѓу своите итнереси и работните стандарди кои ги наметнува група на соработници.

 
Стрелец
Се наоѓате во творечка фаза и заговарате забрзан работен ритам во своето опкружување. Поради големите амбиции повремено умеете да ги пречекорите основните правила или енергично да ја спроведите својата волја, без претходни консултации со соработниците. Сепак, заострената работна клима ќе ве натера да повлечете нови потези и да ги корегирате своите пропусти.
Јарец
Ангажирани сте на различни страни и со будно око ги пратите новите случувања на работната сцена. Постребно е да поставите листа од приоритети во договор со соработниците, како рационално би ги користиле своето знаење или енергија. Корисните информации можат да ви го олеснат патот до афирмација и работен успех. 
Водолија
Делувате промислено во различни ситуации, важно ви е да придобиете нечија доверба или наклонетост во службените кругови. Информациите со кои располагате не претставуваат сигурни критериуми, но без големи предизвици нема ниту службена афирмација. Важно е правилно да го дозирате творечкиот импулс со заедничките интереси.
Риби
Чувствувате дополнителен прилив на креативна енергија и не можете да се помирите со просечни резултати. Добивате поддршка во својата околина и ви импонира сознанието дека соработниците имаат доволно доверба во вашето знаење или професионални способности. Потребно е да преземете соодветна иницијатива, како би ги оствариле своите работни намери.Овен
Делувате многу енергично и активно учествувате во различни случувања на работната сцена. Умеете да остварите ко

Пронајдете не на следниве мрежи: