Викенд хороскоп за 16.04-17.04.2016

Откријте што ве очекува во наредните два дена со викенд хороскопот за 16.04.-17.04.2016 година!Овен
Периодот е наменет за трансформации, но исто така исполнет е со пречки на приватен план. Вашите планови се реализираат бавно. Се јавуваат противречности помеѓу реалното и посакуваното. Денес сте склони кон постојано ривалство и расправии.
Бик
Не се опуштајте и не ги занемарувајте помалите задачи. Мрзеливоста може да биде причина за пропуштање на тешко стекната шанса. Преиодот е добар за склучување брак, средби со блиски и нови познанства, кои можат да прераснат во стабилни и сериозни односи, или пак нов почеток.
Близнаци
Периодот не е најдобар да мислите на кариерата. Можно е да бидете принудени да одлучувате за стари проблеми, што одзема многу време и средства. Тоа се однесува и на интимните односи. Подобро е да не се вмешувате во спорови.

Рак
Извонреден период со хармонични семејни односи. Сопружниците уживаат во обновата на меѓусебните чувства. Сексуалните односи се на критична точка. Можни се заеднички патувања и екскурзии.
Лав
За вас е карактеристично хроничното чувство на праведност и нагло реагирате на туѓата лоша намера и желба за измама. Ќе го поминете времето во дружење со луѓе кои се заинтересирани за вас и ќе споделите некои работи од своите видувања за животот и луѓето.
Девица
Вашата емоционалност и впечатливост се засилуваат. Решителноста и напорноста ви  помагаат да влијаете на околината. Можно е да откриете во себе сосема нови способности, за кои не сте ни претпоставувале дека ги поседвате. Денес имате потреба од вниманието на партнерот.

Вага
Треба да ги избегнувате активните мерки и големите ризици. Искушенијата ќе ве предизвикаат, но подобро е да останете мирни. Не е ислучено тоа да доведе  до конфликт со блиски луѓе или колеги. Искористете го слободното време да му се посветите на омиленото хоби.
Скорпија
Поволен период исполнет со мир и стабилност, но треба да бидете внимателни доколку патувате, не земајте преголем ризик. Не планирајте важни работи, тоа може по себе да повлече негативни последици. Не ветувајте нешто што тешко можете да го исполните.
Стрелец
Ве обзема спокојството, па дури и мрзеливоста. Треба да бидете сконцентрирани  и внимателни кон она што се случува. Не ги одбегнувајте проблемите. Така нема да ги решите. Постои голема веројатност да ги расипете односите со блиските во семејството. За тоа не треба да им давате повод и да постапувате емоционално. Одвојте време за омилената активност, тоа е најдобар одмор за вас.

Јарец
Бидете внимателни при комуникација со нови луѓе и избегнувајте нови познанства. Вашиот шарм привлекува и непосакувани личности. Најдете начин да се одморите. Комуникацијата со природата ве полни со позитивна енергија. Обрнете му повеќе внимание на саканиот. Мал знак на внимаие ќе ги освежи вашите односи.
Водолија
Ве очекува успех на поле на работата. Но и покрај тоа не ја искушувајте судбината непотребно, не ризикувајте. Искористете го времето за да поминете пријатни мигови со саканата личност.
Риби
Ќе почувствувате наплив на сила. Зацртаните планови успешно ќе ги релизирате. За се што ќе се зафатите, завршува со добар крај. И од најкомплицираните ситуации вадите корист, на што ви се восхитува целата околина.

Пронајдете не на следниве мрежи: