Неделен хороскоп за 04.04.-10.04.2016

Неделен хороскоп за 04.04.-10.04.2016Овен
Делувате активно на различни страни и имате доволно самоувереност, што претставува добар предуслов за понатамошен професионалне напредок. Умеете вешто да искомбинирате практични решенија со расположението на своите соработници и да ги остварите заедничките интереси. Бидете умерени при финансиските инвестиции.
Бик
Го барате најдобриот начин да одговорите на нечиј барања и да ги сочувате своите работни интереси, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптеретувате со некои службени-финансиски договори кои немаат пресудно значење на вашиот статус или понатамошниот тек на случувањата. Не дозволувајте малата загуба во материјална смисла да ве обесхрабри.
 
Близнаци
Упорно ги браните своите работни или стратешки интереси, така што ве очекуваат бројни пофалби и признанија на различни страни. Нема причина да правите работни компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на работните правила.
Рак
Делувате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш работните случувања неочекувано излегуваат од контрола. Се обидувате да го усогласите различните итнересирања и да оставите добар впечаток на својата околина. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат меѓу соработниците. 
 
Лав
Добро сте информирани за новите можности на работната сцена и важно ви е да остварите низа на значајни цели. Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во службените-финансиски преговори. Потребно е да придобиете нечија доверба, ве очекуваат и бројни повластици во односот со соработниците.
Девица
Посветете внимание на новите професионални можности, како би ги прошириле своето сознание и искуство од различни области. Нема причина да се залажувате дека моменталните резултати се вашиот работен максимум. Ако премногу се опуштите и препуштите работите да одат сами по својот тек, некој друг може да ве потисне  од „првите работни редови“.

 
 
Вага
Се имате подготвено за серија на нови случувања на работната сцена и сакате да се соочите со соработниците кои ја имаат изневерено вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи работни амбиции. Во финансиска смисла добивате нечија поддршка. Проширете ги своите контакти во различни правци и преземете дополнителна иницијатива во согласност со актуелните случувања.
Скорпија
Се наоѓате во креативна фаза на творечките можности, ви се нуди нова шанса да остварите професионален-финансиски успех или да напредувате на професионалната летвица. Интересни идеи и работни понуди навестуваат долгорочен успех. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери и правилно да ги награди вашите професионални способности или заслуги.
 
Стрелец
Нови случувања на работната сцена или нечие однесување може да ве успорат во спроведувањето на важни планови. Но, со дополнителна упорност ве очекува добар епилог во секој поглед. Успехот има релативно значење и толкување, поради тоа своите идеи треба да ги пласирате на вистинско место или пред личноста која има доволно слух за слични работни интереси.
Јарец
Имате направено погрешна службена-финансиска проценка така што ве очекуваат дополнителни комликации, но се може да се надмине на добар начин во договор со соработниците. Добро размислете на кој начин треба да ги сочувате своите професионални интереси. Важно е да се вратите на претходната позиција, бидете промислени, нема причина гласно да зборувате за своите работни намери.
Водолија
Важно ви е да ги проширите вашите видици и да научите нови работи на деловната сцена. Но околу вас има луѓе на кои н им се доапаѓа тоа. Но многу ви е важно да го сочувате и добриот однос со околината. Но за среќа вашите диплматски манири поттикнувачки влијаат на околината. 
Риби 
Делувате многу амбициозно и непрекинато ги проширувате своите професионални интересирања, додека соработниците очекуваат конкретно да се изјасните за заедничките интереси. Бидете внимателно во комуникацијата со службените партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации и неразбирање на правилата во заедничкото работење донесува нови компликации.Овен
Делувате активно на различни страни и имате доволно самоувереност, што претставува добар предуслов за понатамошен професионалне

Пронајдете не на следниве мрежи: