Неделен хороскоп од 27.03-03.04.2016

Прочитајте што ве очекува следните денови на полето на работата, дали ќе се сложувате со домашните…Овен
Постигнавте склад на ниво на личноста што позитивно се одразува на вашата кариера. Пробелми може да очекуваат само оние кои не ги решиле проблемите на вистински начин од минатото. Ќе бидете во можност за завртите нова страна на работен план и да започнате со нови проекти. Внимавајте на здравјето, можни се настинки.
Бик
Ситуацијата постепено се нормализира и покрај лошите аспекти на Венера со Марс, Сатурн и Јупитер. Благодарение на добрата концентрација и силниот интелект, работите ги приведувате до крај. Трудете се да постигнте внатрешен мир. Извесна ситуација ве поттикнува да го преиспитате своето однесување кон соработниците. Доколку имате проблеми, побарајте совет од искусни колеги. Чувајте се од повреди од паѓање, бидејќи лесно може да дојде до кршење на коски.
Близнаци
Деловната ситуација моментално не е баш совршена. И покрај добриот аскпект на Меркур и марс, се е некако хаотично. Сепак, нема причина за претерана грижа, бидејќи наскро доаѓа до подобрување. Што се однесува до заработката, ќе морате да се задоволите со стандардниот прилив на пари. Оваа недела од вас бара трпение. Одалечете се од личностите кои не ви се допаѓаат. Чувајте се од настинки.

 
Рак
Ви се нудат нови работни можности за во странство. Финансиската состојба се подобрува. Полека се враќате во нормала од напорната работа. Би сакале ситуацијата преку ноќ да се промени, но и сами знаете дека тоа не е можно. Бидете истрајни и не дозволувајте негативните мисли да ви го расипат денот. Не ги избегнувајте редовните здравствени контроли.
Лав
Исцрпени сте, па така следната недела е идеална за собирање сила за новите работни задачи. Извесни работи ве блокираат и оптоваруваат. Нешто морате да промените доколку сакате да излезете како победник од моменталната состојба. Тешко ги воочувате сопствените грешки, а околностите укажуваат на тоа дека ги имате и премногу. Пречувствителни сте, не превземајте обврски кои не можете да ги исполните.
Девица
Трпеливо ги исполнувате своите работни обврски, и покрај постојаните препреки од страна. Имате добри односи со соработниците и силна желба заедно да постигнете големи резултати. Размислувате за селидба или адаптација на животниот простор. Успешно ќе го завршите се што сте наумиле. Заморот е последица на напорната работа која енргетски ве троши.

 
Вага
Ја сакате својата работа па на минливите компликации гледате без паника. Се трудите да го ускладите приватниот живот со работата и сите обврски да ги исполните на врем. Размислувате за прослава на некој важен настан кој ви донел голема радост. Занимавањето со некое хоби би можело да ви донесе многу корист, под услов посериозно да му пристапите на пронаоѓањето на нови клиенти. Слушнете го внатрешниот глас. На вистински пат сте.
Скорпија
На работа вешто ги користите своите способности. Со минимален напор остварувате максимален резултат. Околностите ви одат од рака, но бидете внимателни бидејќи половните аспекти на Марс траат пократко од неповолните. Не го одложувајте завршетокот на старите проекти. Се наоѓате во фаза на промена. Се уште не преминувате од зборови на дела.
Стрелец
тоа штш секогаш ви недостигаат пари, за вас е нормална ситуација. Намалете ги трошоците, во селдните денови следува олеснување. Ќе почувствувате олеснување, бидејќи масата проблеми кои ве оптоваруваат ќе останат по страна. Исто така, можни се нови понуди поврзани за работата кои треба внимателно да ги разгледате. Водете сметка за тоа што зборувате за сбе пред другите.

 
Јарец
Моменталните проекти бараат дополнително ангажирање. Во прв план се креативните активности кои ви носат големо задоволство и воедно ја хранат вашата суета. Пред вас се нови почетоци. Одлучивте да ставите точка за она што ве оптоварува. Немате нерви ниту време да се занимавате со туѓи грижи. Вешто ги криете своите тајни, а не ги чувате туѓите, што треба да го корегирате.
Водолија
опседнати сте со работа и подобрување на финансиската состојба. Очекувате многу изненадувања кога е во прашање овој сегмент од животот. Ќе почувствувате голем бран на позитивна енергија. Потрудете се ги прифатите промените како нормална појава. Потолерантно се однесувате кон околината. Повеќе прошетки и физичка активност ќе придонесат за подобро здравје.
Риби
Чувајте се од сплетки и интриги додека Венера транзитира во вашиот знак. Давате непромислени изјави, па крив ви е ѓаволот доколку поради нив ги трпите последиците. Доаѓате до решенија кои порано не ви паѓале на ум. Бидете истрајни во остварување на плановите. Сите проблеми сами ги решавате. Потребен ви е одмор.Овен
Постигнавте склад на ни

Пронајдете не на следниве мрежи: