Дневен хороскоп за 22.03.2016

Откријте што ви препорачуваат астролозите во дневниот хороскоп за 22.03.2016 година!Овен
Ладните односи со партнерот не треба да влијаат на семејството и децата. Не избрзувајте. Размислете добро за секоја ваша постапка за да не станете жртва на чувствата и слушајте го повеќе разумот.
Бик
Денес одморете се многу, бидејќи работите кои ви претстојат да ги направите нема да бидат лесно постигнати. Ќе се борите и ќе заработите. Пазете се од контакти со болни лица за да не ја поминете следната недела дома.
Близнаци
Ако подобро анализирате и размислите за наредните чекори, работните потфати ќе ви донесат успех. Не дозволувајте да ве користат или да извршувате премногу тешки обврски во домот. Земете здив.
Рак
Од денес за вас започнува период на специфично ѕвездено влијание. Ќе имате потреба од неутрализација на космичните вибрации ако сакате да се префрлите во наредната фаза на успех на секое поле без тешкотии.

Лав
Трезвениот ум и интуицијата ќе ви помогнат одлично да се справите со сложена ситуација. Интересна ситуација ќе ви помогне да избегнете пад на расположението.
Девица
Контактите во општеството се одбележани од познанство. Последното кај многумина многу брзо ќе се трансформира во интимна врска. Оваа афера во многу случаи е ветувачки да прерасне во нешто многу посериозно.
Вага
Не дозволувајте да западнете во заробеништво на негативните емоции и непријатните мисли. Погледнете наоколу и ќе видите дека животот има и своја светла страна.
Скорпија
Ако не ви се излегува, организирајте опуштено попладне за вашите блиски или одете во сауна. Ќе се тонизирате и ќе избегнете евентуални здравствени болести или моментални болки.

Стрелец
Имате амбиција да започне брз развој на работите кои ги планирате. Подготвени сте да барате поддршка од моќен човек, но можеби е добро да размислите и за резервна опција.
Јарец
Тензиите во овој ден се на личен план. Загриженоста поради постојаните обиди на некои личности да ви наштетат или измамат се силни. Загубата на идеалите за многумина припадници на овој знак го претвора животот во тривијална обврска.
Водолија
Денот е одличен и открива светли можности за остварување на плановите. Сите од зодијачкиот знак кои ќе покажат решителност, несомнено ќе стигнат до посакуваните резултати.
Риби
Се радувате на доброто здравје. Посетете театар или кино, забавувајте се, поминете ја вечерта во друштво на добри пријатели и не се оптоварувајте со непотребни мисли за минатите настани.

Пронајдете не на следниве мрежи: